СМЕНИ ВО НЛБ ТУТУНСКА БАНКА: Јанчевски во пензија, Аргир – најмлад директор!
Објавено во: Финансии 02 Јануари, 2016 09:31
“Јас ја завршив кариерата во банката. Засега останувам како прв човек на Здружението на банкари, но многу скоро планирам да се повлечам и од таа функција. Сега во план ми е класичен пензионерски живот, и секако поголема посветеност на семејството, особено во улогата на дедо. Имав понуди на ниво на групацијата да останам како член на некои од органите, но мојата конечна одлука беше целосно повлекување“, вели доскорешниот директор на НЛБ Тутунска банка, Јанчевски.
Откако Народната банка во јули, лани, издаде дозвола за вршење на функцијата член на Управен одбор, Аргир влезе најпрво во највисоките раководни органи на НЛБ Тутунска банка а веднаш потоа беше избран и прв човек на банката. Тој важи за банкар од кариера.
Аргир практично ќе биде и најмлад менаџер, директор кој е на врвот на една банка во земјава.
Кредити ќе има, но и неизвесност ..
И Јанчевски и Аргир оценуваат дека новата 2016 та година ќе биде неизвесна за вкупниот политички амбиент, особено ако кризата потрае.
“Се има своја точка на топење. Политичката неизвесност, односно политичката криза ако потрае дефинитивно ќе има негативни импликации врз економијата. Бизнисот некако ја издржа 2015 година, но дколку нема разрешница во новата 2016 година, секако дека тоа негативно ќе се одрази бидејќи предлого трае“, вели Јанчевски.
Сличен став има и новиот директор Аргир.
“Дефинитивно нестабилната политичка состојба негативно се одразува на економијата. Банката ќе ги следи сите настани и ќе превзема соодветен пристап во работата. Секако, и во 2016 година кредитната активност ќе продолжи со поголем фокус на физички лица и на мали и средни фирми. Она што планираме е да ја збогатиме понудата со небанкарски финансиски понуди, како животно и неживотно осигурување и доброволен пензиски фонд. Фокусот исто така ќе биде на иновациите, особено во делот на дигитализирање на работата со клиентите.“, вели директорот Аргир.
Јанчевски и Аргир новогодишните празници ќе ги поминат во земјава. Аргир со семјството ќе биде во Крушево, како што вели “ Тое е мојата дома, а и овие денови, иако се празнични, мора да сум присутен во земјава“, алудирајќи на тоа дека веќе на 4 ти јануари го превзема менаџирањето со една од најголемите банки во земјава.
НЛБ Тутунска банка е една од банките од “големата четворка“, чиј сопственик е Нова Љубљанска Банка. На истекот од 2015 година банката го одбележа своето три децениско работење а од базата во Љубљана веќе се потврдија намерите за продажба на оваа групација, како дел од планот за приватизација на Нова Љубљанска Банка.
Р.Ф.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“
„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!
ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено
„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори
РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати
СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни
Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција
Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави
АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката





