СМЕТААТ ДЕКА Е ПОЗАРАЗЕН: Италијанците се плашат од „српскиот“ коронавирус
Објавено во: Свет, Корона Вирус 14 Јули, 2020
Италијанците сe плаши од „српски“ вид на коронавирусот, затоа што сметаат дека бил позаразен.
Италија стравува од нов бран на Ковид-19, кој во земјата би можел да биде внесен од граѓаните од источноевропските земји, како Романија и Србија, објави весникот „Република“.
Загриженоста јавно вчера ја искажа гувернерот на италијанската покраина Венето кој вчера на прес-конференција рече дека тестирањето покажало дека заразата од коронавирусот што циркулира во Србија е посилна од тој што е познат во Италија.
„Мутацијата на коронавирусот што циркулира низ Србија не ни е позната. Тестовите покажаа дека четворица позитивни пациенти кои стапиле во контакт со вирусот во Србија, имаат сериозни реакции“, рече Лука Заја.
Заја алудираше на случајот со менаџер од Виченца, кој бил во Србија, двајца негови колеги и едно лице од Падова, кои имале контакт со вирусот, кого италијанските медиуми го нарекуваат „српски“.
Италија не дозволува влез на нејзината територија за државјаните од 13 земји.
Србија е меѓу земјите надвор од шенген-зоната, која не се наоѓа на црната листа, но за нејзините државјани задолжителна е 14-дневна изолација.
Регионот Лигурија во северна Италија, во близина на Ломбардија која беше најтешко погодена од коронавирусот, првпат од почетокот на пандемијата вчера немаше нови случаи на зараза.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.