Снајперист бил подготвен да пука во Вучиќ ако продолжи кон селото Бање?
Објавено во: Балкан 11 Септември, 2018
Терористи биле подготвени да пукаат во претседателот на Србија, Александар Вучиќ доколку продолжел со патот кон Бање, пишува Србија денес.
Неговата посета не беше реализирана поради барикадите кои долж патот ба поставени од поранешни припадници на ОВК предводени од претседателот на општината, Беким Јашариј.
„Екстремистите беа подготвени да пукаат на Вучиќ и неговата придружба. И новинарите можеа да се уверат дека беа вооружени со долги цевки, а имаше и снајперисти. Над југот од Србија ненајавено беа подигнати борбени авиони на војската на Србија“ - вели извор за „Сбија денес“.
КФОР и КПС му порачале на Вучиќ дека на тој дел од патот не можат да му гарантираат безбедност.