27 Јули, 2024
0.0285

СНЕГ, МРАЗ И ГОЛЕМ СТУД: Еве какво време не очекува деновиве

Објавено во: Македонија 07 Декември, 2023

Добивај вести на Viber

Врнежите кои повторно ќе започнат од следните часови во Македонија, и тоа поради продорот на уште постуден воздух од север, ќе преминуваат во снег и на местата со надморска височина од под 1000 метри, па така врнежи од снег ќе има и во повисоките населени места низ Македонија, вели метеорологот Славчо Попоски.

„ Провејување на снег ќе има понекаде и во градовите, особено во западните  и во северозападните предели. На повисоките места и планините, како и на Скијачките центри ќе дојде до формирање на нова снежна покривка со висина од 5 до 10 сантиметри, понекаде може таа да биде  и поголема.

Сето ова ќе биде проследено со засилен ветер од северен и од северозападен правец, најизразен Долж Повардарието.

Во Скопје  и околината провејување на снег се очекува на околните планини, како и во повисоките предели од котлината. Ќе дува и умерен до засилен ветер од северен правец.

Поради ниските температури кои се очекуваат, се очекува појава на мраз, што значи возачите особено доколку се движат кон планинските превои и Скијачките центри да бидат крајно внимателни.

Во петок, како и за време на викендот ќе имаме релативно стабилно и суво време, што значи дека ќе одмориме од многу променливото време и врнежите, но наутро ќе биде уште постудено и температурите речиси насекаде ќе се спуштаат под нулата, што значи дека ќе имаме појава на мраз.

Најстудено преку ден ќе биде во петок и тоа со максимални дневни температури кој ќе се искачуваат во интервалот само од 1 до 8 степени. Во деновите од викендот ќе биде малку потопло преку ден, но и понатаму со негативни температури наутро“, вели тој.



Можеби ќе ве интересира

ЛЕВИЦА ОТКРИВА ШТО СОДРЖИ ИЗВЕШТАЈОТ НА ГЕРМАНСКАТА КОМПАНИЈА ЗА ВОЗДУХОТ НА ХИРУРШКИ КЛИНИКИ - еве кои се нивните сознанија

ЛЕВИЦА ОТКРИВА ШТО СОДРЖИ ИЗВЕШТАЈОТ НА ГЕРМАНСКАТА КОМПАНИЈА ЗА ВОЗДУХОТ НА ХИРУРШКИ КЛИНИКИ - еве кои се нивните сознанија

„СЕ КАЕ ОД ПРВИОТ ДЕН ОТКАКО ГО СТОРИЛА УБИСТВОТО, НО ВЕЛИ ДЕКА ЗАТВОРОТ ЗА НЕА Е ОДМОР“ - потресно сведоштво на осуденичка од Идризово

„СЕ КАЕ ОД ПРВИОТ ДЕН ОТКАКО ГО СТОРИЛА УБИСТВОТО, НО ВЕЛИ ДЕКА ЗАТВОРОТ ЗА НЕА Е ОДМОР“ - потресно сведоштво на осуденичка од Идризово

ДОДЕКА СИ СЕДИТЕ ДОМА И СИ КОМЕНТИРАТЕ „МИ СЕ СВИЃА, НЕ МИ СЕ СВИЃА“ ЗА ОЛИМПИЈАДАТА, НЕМОЈТЕ ДА ЗАБОРАВИТЕ ДЕКА: - еве што наброја новинарката Офелија Димковска

ДОДЕКА СИ СЕДИТЕ ДОМА И СИ КОМЕНТИРАТЕ „МИ СЕ СВИЃА, НЕ МИ СЕ СВИЃА“ ЗА ОЛИМПИЈАДАТА, НЕМОЈТЕ ДА ЗАБОРАВИТЕ ДЕКА: - еве што наброја новинарката Офелија Димковска

КАКО НЀ ЗАЛАЖУВААТ ТРГОВЦИТЕ ВО ТЕКОТ НА ЛЕТОТО - дали правиме разлика меѓу распродажба, попуст и акција

КАКО НЀ ЗАЛАЖУВААТ ТРГОВЦИТЕ ВО ТЕКОТ НА ЛЕТОТО - дали правиме разлика меѓу распродажба, попуст и акција

Колони возила на ГП Богородица и ГП Табановце

Колони возила на ГП Богородица и ГП Табановце

СО УМИСЛА И ОД БЕЗОБЗИРНА ОДМАЗДА ТРОЈЦАТА БРАЌА ПУКАЛЕ КОН СОСЕЛАНЕЦОТ - Обвинителството бара притвор

СО УМИСЛА И ОД БЕЗОБЗИРНА ОДМАЗДА ТРОЈЦАТА БРАЌА ПУКАЛЕ КОН СОСЕЛАНЕЦОТ - Обвинителството бара притвор

„МИНИСТЕРОТ ЗА КУЛТУРА УШТЕ СИНХРОНИЗИРА ТУРСКИ СЕРИИ“ - Апасиев со критика за Љутков

„МИНИСТЕРОТ ЗА КУЛТУРА УШТЕ СИНХРОНИЗИРА ТУРСКИ СЕРИИ“ - Апасиев со критика за Љутков

НЕ СЕ ОПУШТАЈТЕ, ВИКЕНДОВ ЌЕ БИДЕ ЖЕШКО - еве ги прогнозите за овие два дена

НЕ СЕ ОПУШТАЈТЕ, ВИКЕНДОВ ЌЕ БИДЕ ЖЕШКО - еве ги прогнозите за овие два дена

ПОВИКАН Е НА КОНСУЛТАЦИИ, ТРЕБА ДА РАЗГОВАРА СО МУЦУНСКИ - после Фрчкоски и Мемеди, и Жерновски на „рапорт“

ПОВИКАН Е НА КОНСУЛТАЦИИ, ТРЕБА ДА РАЗГОВАРА СО МУЦУНСКИ - после Фрчкоски и Мемеди, и Жерновски на „рапорт“