Со блокадата на Евзони грчките фармери попречија испорака на тони стока за Македонија
Објавено во: Македонија 04 Февруари, 2017 11:46
Десетици илјади тони стока за Македонија, почна да се собира на Солунското пристаниште, откако грчките фармери го блокираа граничниот премин кај Евзони.
Дел од камионите кои превезуваат суровини како челик и никел, направија обид да ја преминат границата преку споредни патишта, бидејќи главните се затворени од трактори и земјодлеци.
Тие беа наредени од фармерите кои протестираат против социјалното осигурување и високите даноци во Грција. Постојат стравувања дека ако блокадата не биде укината до крајот на викендот, акумулацијата на стоки ќе го преоптовари пристаништето и ќе создаде проблеми со компаниите во Македонија, кои ги очекуваат нивните испораки, пишува грчкиот весник „Екатимерини“.
И викеднов Евзони е затворен за сообраќај, додека премините Дојран и Меџитлија се отворени .
Можеби ќе ве интересира
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки
Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица
СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината




