Со брзи тестови Италијанците се тестираат дома
Објавено во: Свет, Корона Вирус 15 Ноември, 2020
Со брзи тестови Италијанците се тестираат дома.
Ова беше најавено уште во септември. Ваквото тестирање е евтино и го растеретува здравствениот систем.
Оицијалниот претставник на италијанските здравствени власти, Раниери Герара, вели дека тестовите за само-администрација се наменети за еднократна употреба, а ќе може да се купат во аптека.
Ова се тестови слични како оние за бременост, во кои се става брис од устата и за кратко време се отчитува резултатот.
Претседателот на регионот Венето, Лука Ѕаиа, појасни дека станува збор за 5.000 тестови, кои ги претставени како иновација во здравството што може многу да помогне во борбата против коронавирусот.
Во земјата состојбата значително се подобри во текот на летото, но минатата недела се соочи со втор бран.
Властите повторно воведуваат строги мерки на изолација.
Италија потврди нови 37.255 заразени во последните 24 часа, објави Министерството за здравство.
Британија и Италија имаат намалување, а во Финска бројот на заразени расте.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.