16 Декември, 2025
0.4279

СО ЧАСОВИ ЗАТВОРЕНО ВО КОЛА: Детенце почина од топлотен удар, таткото го заборавил-Хрватска во шок

Објавено во: Балкан 09 Јуни, 2021 12:01

Добивај вести на Viber

Голема трагедија се случила вчера во Хрватска. Во Книн, во паркиран автомобил беше пронајдено мртво дете. Информацијата за хрватските медиуми ја потврдил и портпаролот на полицијата, Шиме Павиќ и веднаш била спроведена полициска истрага, која треба да ги расветли сите околности на трагедијата.

Истражителите и луѓето кои го пронашле телото биле шокирани од ужасната глетка на починатото момчеце оставено во врело возило.

Како што неофицијално дознава Шибенски.хр, момчето имало пет години. Неговиот татко е професионален војник во единицата за стража со седиште во Книн.

Таткото го носел своетто синче во градинка секое утро пред работа, рано наутро. Го оставаа и одел на работа во касарната Книн.

Вчера пред да го остави во градинка тој добил повик на неговиот мобилен телефон веднаш да се пријави во касарната. Не е познато зошто го повикале и како го успеал да заборави да го остави детето во градинка. Се паркирал и заминал, а момчето најверојатно заспало.

Целосно занесен во своите работни обврски, тој не ни помислил да има дете, пишуваат медиумите, додека во три часот попладне не му се јавила сопругата да го праша каде е нивниот син затоа што не е во градинка.

-Во тој момент истрчал до возилото и го пронашол безживотното тело на своето детенце. Целото утро додека момчето било во возилото никој не го забележал и не го слушнал. Можеби детето се разбудило и се јавило, но никој не можел да го слушне поради бучавата од градежните машини во близина на паркингот, пишува Шибенски.хр.

Отежнувачка околност е што станува збор за автомобил BMW со затемнети стакла. Имено, во Книн, околу 14 часот температурата беше околу 28 степени, но доколку такво возило долго време стои на сонце, температурата внатре може неверојатно да се зголеми и детето да се дехидрира.

Во Книн утре ќе биде ден на жалост. 

ФОТО: Nikolina Vukovic Stipanicev/Cropix

Можеби ќе ве интересира

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата