01 Ноември, 2024
0.0278

Со потпишување на договорот меѓу „ЈАТ“ и „Етхад“ се создаде новиот бренд „Ер Србија“

Објавено во: Балкан 01 Август, 2013

Добивај вести на Viber

Договор за стратешко партнерство со српската авиокомпанија „ЈАТ“ денеска потпиша Националната авиокомпанија на Обединетите Арапски Емирати „Етихад“.

„Етхад“ купи 49 проценти од „ЈАТ“, а државата задржа 51 отсто од акциите. Српската авиокомпанија и ќе го смени името во „Ер Србија“.

Според Договорот „Ер Србија“ до крајот на годината ќе добие 10 нови авиони „Ербас“ и ќе отвори работни места за 50 пилоти. Државата ги презема долговите на „ЈАТ“, кои достигнаа 170 милиони евра.

Договорот, кој се очекува Србија да ја направи регионален лидер во воздушниот сообраќај, го потпишаа српскиот вицепремиер Александар Вучиќ и директорот на Етихад Џејмс Хоган.

„Новиот бренд „Ер Србија“ ќе биде раскинување со минатото, но не и раскинување со традицијата. Ер Србија ќе биде најсигурен превозник", истакна првиот човек на „Етихад“, Џејмс Хоган.

„Етихад“ е еден од најдобрите авиопревозници во светот, поседува 77 авиони „Ербас“ и „Боинг“ и превезува 10 милиони патници годишно до 94 дестинации на Блискиот Исток, Африка, Европа, Азија, Австралија и Америка. „Етихад“ има удел од 29 проценти во германската авиокомпанија „Ер БЕрлин“ и 40 отсто во „Ер Сејшелс“ и помали удели во неколку светски авиокомпании.

Можеби ќе ве интересира

ЗАГИНА И ШЕСТГОДИШНО ДЕТЕ: Се зголеми бројот на жртви во Нови Сад

ЗАГИНА И ШЕСТГОДИШНО ДЕТЕ: Се зголеми бројот на жртви во Нови Сад

СЕ ЗГОЛЕМИ БРОЈОТ НА ЖРТВИ: Во Нови Сад загинаа 11 луѓе

СЕ ЗГОЛЕМИ БРОЈОТ НА ЖРТВИ: Во Нови Сад загинаа 11 луѓе

СПАСУВАЧИТЕ ИЗВАДИЈА ТИНЕЈЏЕРКА ОД УРНАТИНИТЕ ВО НОВИ САД: Друга жена е заглавена и со неа комуницираат за да ја извлечат

СПАСУВАЧИТЕ ИЗВАДИЈА ТИНЕЈЏЕРКА ОД УРНАТИНИТЕ ВО НОВИ САД: Друга жена е заглавена и со неа комуницираат за да ја извлечат

ГРАЃАНИТЕ РЕАГИРАЛЕ ДЕКА НАТСТРЕШНИЦАТА ВО НОВИ САД Е НАПУКНАТА: Инженер даде мислење дали има пропуст и каде

ГРАЃАНИТЕ РЕАГИРАЛЕ ДЕКА НАТСТРЕШНИЦАТА ВО НОВИ САД Е НАПУКНАТА: Инженер даде мислење дали има пропуст и каде

НОВИ САД: Најмалку осум загинати oткако се урна натстрешница на Железничката станица

НОВИ САД: Најмалку осум загинати oткако се урна натстрешница на Железничката станица

СЕ УРНА ВЛЕЗНИОТ ДЕЛ НА ЖЕЛЕЗНИЧКАТА СТАНИЦА ВО НОВИ САД: Има голем број повредени!

СЕ УРНА ВЛЕЗНИОТ ДЕЛ НА ЖЕЛЕЗНИЧКАТА СТАНИЦА ВО НОВИ САД: Има голем број повредени!

ЕКСПЛОЗИЈА ВО СТАН ВО АТИНА: Едно лице загина, друго е повредено

ЕКСПЛОЗИЈА ВО СТАН ВО АТИНА: Едно лице загина, друго е повредено

(ФОТО) НА ПРАВНИОТ ФАКУЛТЕТ ВО БЕЛГРАД: Нозете на една девојка пропаднаа низ подот на читалната

(ФОТО) НА ПРАВНИОТ ФАКУЛТЕТ ВО БЕЛГРАД: Нозете на една девојка пропаднаа низ подот на читалната

ЕКСПЕРТИТЕ ЗА СОЛАРНА ЕНЕРГИЈА ЌЕ БИДАТ МЕЃУ НАЈБАРАНИТЕ: На Балканот ќе бидат отворени повеќе од 27.000 работни места

ЕКСПЕРТИТЕ ЗА СОЛАРНА ЕНЕРГИЈА ЌЕ БИДАТ МЕЃУ НАЈБАРАНИТЕ: На Балканот ќе бидат отворени повеќе од 27.000 работни места