15 Јануари, 2025
0.0300

Со државна помош 930 невработени ќе почнат сопствен бизнис

Објавено во: Економија 04 Февруари, 2013

Добивај вести на Viber

Можност да почнат сопствен бизнис преку Програмата за самовработување, за која денеска објави оглас Агенцијата за вработување ќе добијат деветстотини и триесет невработени луѓе.

Лицата што ќе аплицираат за почнување бизнис добиваат од државата 185.000 денари како неповратни средства за набавка на опрема и репроматеријали и 16.897 денари за основни обуки за водење бизнис и регистрација, односно вкупно 201.897 денари.

Министерот за труд и социјална политика Спиро Ристовски на прес-конференција со директорот на Агенцијата за вработување Влатко Поповски информира дека невработените лица што ќе аплицираат ќе добијат поддршка за реализација на нивната бизнис-идеја преку обезбедување обука со советување за изработка на бизнис-план и обука за планирање и управување со бизнис, што ќе трае пет дена.

Во изминатите години обуките што се спроведуваа за Програмата за самовработување траеја два дена, а според Ристовски зголемениот број на деновите за обука сега треба да обезбеди подобар квалитет на бизнис-плановите.

За Програмата за самовработување, која е дел од Оперативниот план за активни мерки за вработување за 2013 година, посочи министерот Ристовски, во изминатиот период постоел голем интерес. Минатата година за 900 самовработувања аплицирале 4.783 лица. Од 2007 година заклучно со минатата година досега се регистрирани 4.840 нови бизниси.

Досегашните шестгодишни оперативни планови, информира ресорниот министер, опфатиле повеќе од 45.000 лица, дел со директни вработувања и работни ангажмани, дел со обуки и практична работа за подобрување на нивните работни способности и вештини со цел олеснување до пристапот на пазарот на труд.

Според директорот на Агенцијата за вработување, од 4.840 лица што се вработиле преку Програмата за самовработување 75 проценти се уште се во работен однос.

Можеби ќе ве интересира

„Божиновска доби покана да биде дел од глобалната сцена - Македонија со место на светската маса на престижниот Берлинскиот енергетски форум “

„Божиновска доби покана да биде дел од глобалната сцена - Македонија со место на светската маса на престижниот Берлинскиот енергетски форум “

ИМ ТРЕБААТ ВОЗАЧИ, МЕСАРИ, КЕЛНЕРИ: Кои други профили се барани во Германија?

ИМ ТРЕБААТ ВОЗАЧИ, МЕСАРИ, КЕЛНЕРИ: Кои други профили се барани во Германија?

Инфлацијата повторно покажува заби

Инфлацијата повторно покажува заби

„ЗА ШЕСТ МЕСЕЦИ НАПРАВИВМЕ ПОВЕЌЕ ЗА ГРАЃАНИТЕ ОТКОЛКУ ПРЕТХОДНАТА ВЛАДА ЗА 7 ГОДИНИ“: Владата го кани УПОЗ на разговор

„ЗА ШЕСТ МЕСЕЦИ НАПРАВИВМЕ ПОВЕЌЕ ЗА ГРАЃАНИТЕ ОТКОЛКУ ПРЕТХОДНАТА ВЛАДА ЗА 7 ГОДИНИ“: Владата го кани УПОЗ на разговор

„АЛЕКСАНДАР, ДЕЛУВА НАВИСТИНА ИМПОЗАНТНО ОВА ШТО БЕШЕ НАПРАВЕНО“: Николоски беше пофален од Мицкоски за експресниот пат за Прилеп

„АЛЕКСАНДАР, ДЕЛУВА НАВИСТИНА ИМПОЗАНТНО ОВА ШТО БЕШЕ НАПРАВЕНО“: Николоски беше пофален од Мицкоски за експресниот пат за Прилеп

АВИОНСКИОТ ПРЕВОЗ „ЦВЕТА“ – граѓаните се помалку и помалку се возат со возови

АВИОНСКИОТ ПРЕВОЗ „ЦВЕТА“ – граѓаните се помалку и помалку се возат со возови

ДЕЈАН МАНЕВ НА НОВА ПРЕСТИЖНА ПОЗИЦИЈА: Назначен е за Country Director на Evapify Group за Македонија

ДЕЈАН МАНЕВ НА НОВА ПРЕСТИЖНА ПОЗИЦИЈА: Назначен е за Country Director на Evapify Group за Македонија

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЕКОНОМИЈА ГО ПРОГЛАСИ ЗА УСПЕШЕН ПРОЕКТОТ НОВОГОДИШНА КОШНИЦА - дали цените се намалија како што очекуваа граѓаните

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЕКОНОМИЈА ГО ПРОГЛАСИ ЗА УСПЕШЕН ПРОЕКТОТ НОВОГОДИШНА КОШНИЦА - дали цените се намалија како што очекуваа граѓаните

БЕНЕТОН ТИВКО ПОДЕЛИ ОТКАЗИ ВО НАШИОТ РЕГИОН: Огромните глобални загуби ги принудија да направат драстични намалувања

БЕНЕТОН ТИВКО ПОДЕЛИ ОТКАЗИ ВО НАШИОТ РЕГИОН: Огромните глобални загуби ги принудија да направат драстични намалувања