19 Декември, 2025
0.0638

Со фалсификуван промет на девизна книшка полицајка барала виза

Објавено во: Мои пари 23 Март, 2014 13:30

Добивај вести на Viber

СВР Скопје преку единицата за економски и компјутерски криминал до ОЈО Скопје поднесе кривична пријава  против лицата С.Т.Џ. (56) и И.Ј. (38) двете од Скопје, заради постоење на основано сомнение дека сториле кривично дело – „фалсификување исправа“. И.Ј. со лажни документи кои и ги изработила С.Т.Џ. аплицирала за американска виза, при што било откриено дека тие се фалсификувани. На 21-ви минатиот месец американската Амбасада во Скопје до СВР Скопје испратила известување во кое било наведено дека И.Ј. која била полициски службеник-вработена во МВР, при поднесување документи за неемигрантска виза на 7 октомври минатата година употребила два фалсификувани документи и тоа „Сертификат“ и „Промет на девизна книшка“ на нејзино име, а издадени од „Комерцијална Банка“ АД Скопје. Од извршените проверки и обезбедената документација утврдено е дека И.Ј. во два наврати, на 16 март и 21 октомври 2011 година аплицирала во Американската амбасада на САД во Македонија за неемигрантска виза врз основа на кои апликации и биле издадени визи, кои таа не ги искористила. И.Ј. во октомври минатата година, сакајќи да аплицира по втор пат во Американската амбасада на САД во РМ  за добивање на виза, а знаејќи дека еден од условите кој треба да го исполнува бил да достави и документација издадена од банка со која треба да прикаже девизен прилив на средства на нејзина сметка, со посредство на лицето Б.К. од Скопје стапила во контакт со С.Т.Џ. и од неа побарала да и направи две лажни исправи „Сертификат“ и „Промет на девизна книшка“ на нејзино име бидејќи не го исполнувала тој услов. Притоа, откако С.Т.Џ. ги направила лажните исправи (наводно издадени од „Комерцијална Банка“) во кои биле внесени невистинити податоци дека на сметка И.Ј. има прилив на средства во износ од 4.332.64 евра со состојба од 3 октомври 2013 година, И.Ј. која иако знаела дека се со невистинита содржина ги приложила со апликацијата  и со останатите документи во Американската амбасада во РМ. Од превземените мерки и извршени проверки утврдено е дека наведените исправи на име на И.Ј. се со невистинита содржина, а истото е потврдено и во извршениот разговор со С.Т.Џ. при што при што по нејзиното признание дека е сторител на кривичното дело, известен е основен јавен обвинител и С.Т.Џ. е лишена од слобода. По наредба од судија на претходна постапка од Основен суд Скопје 1 Скопје извршен е претрес во домот на С.Т.Џ. при што одземени се лап топ компјутер, ласерски печатар и персонален компјутер и истите се предадени во Оделот за криминалистичка техника при МВР на РМ за вештачење.

Можеби ќе ве интересира

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција

„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција