Со филмови и реклами граѓаните ќе се едуцираат за безбедност во сообраќајот
Објавено во: Економија 04 Февруари, 2013
Продукциската куќа Мунлајт го доби тендерот на Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата во Македонија(РСБСП). За 410.900 евра Мунлајт ќе треба да направи едукативни и телевизиски кратки филмови од областа на безбедно одвивање на сообраќајот.
Според податоците од Бирото за јавни набавки, Републичкиот совет ќе потроши дополнителни 100.000 евра за печатење флаери, книги, благодарници, тестови за натпревари... Зделката тешка 100.000 евра ја доби компанијата Пан Ацо ДООЕЛ од Тетово.