19 Мај, 2024
0.0296

СО КАКВИ ОЧИ НЕ ГЛЕДА РЕГИОНОТ: Државен удар – длабока криза!

Објавено во: Македонија 04 Март, 2017

Добивај вести на Viber

СО КАКВИ ОЧИ НЕ ГЛЕДА РЕГИОНОТ: Државен удар – длабока криза!

“Тешка задача за Федeрика Могерини“, „ДРЖАВЕН УДАР ВО МАКЕДОНИЈА: Иванов реши да не го даде мандатот на Заев“, “Тачи долева ласло на оганот“, “Дипломатите шокирани од одлуката на Иванов“. Ова се само дел од насловите на регионалните телевизии, весници и итренет медиуми, кои во фокусот ја ставаат политичката состојба во Македонија. Освен што постојано информираат за текот на настаните и ги пренесуваат изјавите на политичките лидери, експерти и странски дипломати, дел од медиумите даваа и сопствени оценки и прогнози.

Од стабилизација до дестабилизација .....

Последната “аламантна“ порака од странство ја испрати германскиот министер за надворешни работи Зигмар Габриел кој побара од македонските политичари да дејствуваат одговорно, оценувајќи дека  влошувањето на состојбата во Македонија е вознемирувачко.

“Влошувањето на внарешнополитичката состојба во Македонија е многу вознемирувачко. Внатрешнополитичката стагнација се заканува да го уназади процесот на приближување на земјата кон Европската Унија. Претседателот Иванов одби да му го додели мандатот за влада на досегашниот лидер на опозицијата, иако тој зад себе го собра неопходното парламентарно мнозинство. Тоа е спротивно на демократските принципи и на европските вредности кон кои се обврза земјата. Претседателот Иванов треба да ја преиспита ваквата одлука и да ја коригира во интерес на граѓаните на својата земја“, вели министерот Габриел.

Безбедносната, државната и уставната криза веќе го привлекоа вниманието на регионалните и европските медиуми.

Српска “Слободна Далмација“ ја пренесува анализата на “Јутарни лист“ со ударен наслов “Македонија на раб на војна, долгогодишниот премиер повикува на насилство: Нападнати сме, народот ќе тргне во одбрана на загрозената држава“, па така се наведува:

“Скоро три месеци по парламентраните избори, Македонија конечно би можела да добие Влада, али веќе и пред нејзиното формирање, може да се соочи со нова, уште поделикатна и тешка криза, иако кризата во таа земја не запира со години. Ако во Македонија, од распадот на Југославија и остварената неочекувана независност, иста константа, тогаш тоа се политичките кризи кои само се калемат една на друга“ – анализира “Јутарни лист“.

Националната РТС пренесува изјава на претседателот на СДСМ, со наслов “Заев: Државен удар на Иванов“, па така телевизијата ја пренесува следната изјава:

“Иванов ја внесе Македонија во длабока политичка криза со далекусежни последици, ја негира волјата на мнозинството граѓани и спречува легален пренос на власта – рече Заев непосредно по говорот на претседателот Иванов“.

Национланата ХРТ со наслов “Зоран Заев: Претседателот на Македонија направи државен удар“ информира за ставот на лидерот на СДСМ, пренесувајќи ја и изјавата на претседателот Иванов со поднаслов “Македонскиот претседател вели дека не може да го даде мандатот“. Така, хрватската национална телевизија нотира:

“Претседателот на СДСМ Зоран Заев го повика претседателот на државата Ѓорѓе Иванов да ја повлече одлуката и веднаш да му го додели мандатот за состав на новата Влада, обвинувајќи дека Иванов извршил државен удар“.

Состојбата во Македонија била тема и на средбата што се одржа во Атина на  грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕиас  со шефот на албанската дипломатија Дитмир Бушати.

Грчката државна агенција АНА-МПА, јави дека главна тема на разговор меѓу двајцата министри биле грчко-албанските односи и создавање комисии кои ќе дискутираат за одделни прашања што ги засегаат двете земји, но
„Катимерини“  додава дека „Атина и Тирана со голем интерес следат што се случува во поширокиот регион, особено во Македонија, откако претседателот одби да го даде мандатот на лидерот на второпласираната партија на изборите“.


Можеби ќе ве интересира

ТАРАВАРИ ЗА РТК: Албанците ќе имаат претседател на Собрание и 6 министри

ТАРАВАРИ ЗА РТК: Албанците ќе имаат претседател на Собрание и 6 министри

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама