19 Декември, 2025
0.0998

Со лавиринт и ескимски олимписки игри започнува потрагата по Дедо Мраз – Скопје Сити Мол станува предновогодишен Меџик Сити!

Објавено во: Мои пари 05 Декември, 2014 16:00

Добивај вести на Viber

„Во пресрет на новогодишните и божиќните празници, одлучивме Скопје Сити Мол да го претвориме во Меџик Сити. Што тоа точно значи? Со почеток од 6- ти декември, освен богатите понуди на брендовите, во Скопје Сити Мол ќе се организираат бројни забавни содржини, за најмаладите и сите кои така се чуствуваат. Секој викенд, за дечињата ќе се одржуваат работилниците на Дедо Мраз во Меџик Сити Кидс Клубот, кои вклучуваат креативно катче за изработка на честитки и подароци, читање новогодишни бајки, градење на снежен град, ескимски олимписки игри и потрага по скриените подароци со Сити Мен. Сепак, она што ќе биде вистински предизвик за најмладите е големиот лавиринт во облик на куќата на Дедо Мраз, каде ќе се впуштат во потрага по скриените подароци. Интерактивните претстави со кралицата Слаткица ќе дадат дополнителен шарм на целата програма, која ќе заврши со концерт на Златните славејчиња на 28-ми декември. Од 11 декември до 11 јануари кај одделот за храна на вториот кат, сите тинејџери ќе може да се забавуваат во фан зоната сотурнири и интересни музички настапи за време на викендите. Богатата програма е своевидна честитка од Скопје Сити Мол, за сите Вас”, изјави Александра Шаровиќ Атанасовска, менаџер на маркетинг тимот на Скопје Сити Мол.”

Скопје Сити Мол, повторно го менува својот лик. Овојпат, инспирирани од новогодишната атмосфера, Скопје Сити Мол од 6-ти декември до 10-ти јануари ќе биде претворен во огромен магичен град. Насловен како „меџик сити”, молот во следниот месец ќе понуди многу интересни содржини за различни возрасни групи.

Воедно, ова ќе биде новогодишната честитка која Скопје Сити Мол ќе им ја упати на граѓаните.

„Во пресрет на новогодишните и божиќните празници, одлучивме Скопје Сити Мол да го претвориме во Меџик Сити. Што тоа точно значи? Дека со почеток од 6-ти декември, освен богатите понуди на брендовите, во Скопје Сити Мол ќе се организираат бројни забавни содржини, за најмаладите и сите кои така се чуствуваат. Секој викенд, за дечињата ќе се одржуваат работилници на Дедо Мраз во Меџик Сити Кидс Клубот, кои вклучуваат креативно катче за изработка на честитки и подароци, читање новогодишни бајки, градење на снежен град, ескимски олимписки игри и потрага по скриените подароци со Сити Мен. Сепак, она што ќе биде вистински предизвик за најмладите е големиот лавиринт во облик на куќата на Дедо Мраз, каде ќе можат да ги бараат скриени подароци од Дедо Мраз. Интерактивните претстави со кралицата Слаткица ќе дадат дополнителен шарм на целата програма, која ќе заврши со концерт на Златните славејчиња на 28-ми декември. Од 11 декември до 11 јануари кај одделот за храна на вториот кат, сите тинејџери ќе може да се забавуваат во фан зоната со турнири и интересна музички настапи за време на викендите. Богата програма е своевидна честитка од Скопје Сити Мол, за сите Вас”, изјави Александра Шаровиќ Атанасовска, менаџер на маркетинг тимот на Скопје Сити Мол.”

За тинејџерите, од утре ќе биде отворена Меџик Сити Фан Зоната на вториот кат. Турнир во играње Плеј Стејшн, и забава со артистите на Пасворд секој викенд до крајот на годината, се покана и за оваа возрасна група, да го посети Скопје Сити Мол. А повозрасните ќе можат секој викенд да уживаат во настапите на женско гудачко трио, танцување филмско танго, и новогодишен хор токму пред новогодишната елка. Како посебен настан, кој ќе се вклопи во Меџик Сити атмосферата, е новогодишниот базар кој ќе се оддржи од 18-ти до 21-ви декември на вториот кат. Истиот ќе биде организиран во соработка со Занаетчиската комора на Македонија.

Од молот најавуваат уште интересни содржини, кои ќе бидат претставени во деновите пред нас. А дотогаш, порачуваат да уживаме во Меџик Сити – центарот на новогодишната магија во Македонија.

Можеби ќе ве интересира

MINT Ins донира училишен прибор за учениците во ОУ „Елпида Караманди“

MINT Ins донира училишен прибор за учениците во ОУ „Елпида Караманди“

CREDISSIMO ГИ „ИЗБРКА“ ВРАБОТЕНИТЕ ОД КАНЦЕЛАРИЈА

CREDISSIMO ГИ „ИЗБРКА“ ВРАБОТЕНИТЕ ОД КАНЦЕЛАРИЈА

Одлични посни вкусови за празничната трпеза

Одлични посни вкусови за празничната трпеза

МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА

МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА

КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“

КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“

„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство

„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство

И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА

И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА

Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година

Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година

Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација

Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација