Со нов протокол до побрз проток на стока на граничните премини Табановце и Богородица
Објавено во: Македонија 14 Мај, 2018 12:35
Директорите на Царинската Управа и на Бирото за јавна безбедност, Ѓоко Танасоски и Лазо Велковски, во присуство на министерот за земјоделство, водостопанство и шумарство, Љупчо Николовски, денеска потпишаа нов Протокол за уредување на постапките за побрз проток на жива стока, стока во жива состојба, опасни материи, стока во новиот компјутерски транзитен систем и на празни камиони на граничните премини Табановце и Богородица.
Овој протокол, како што истакна министерот за земјоделство, водостопанство и шумарство, Љупчо Николовски, е од исклучително значење за извозот на македонските земјоделско – прехранбени производи.
„Новиот Протокол којшто денеска го потпишаа Царинската управа и Бирото за јавна безбедност е особено важен за извозниците од секторот земјоделство бидејќи се овозможува 24 часовен слободен коридор за приоритетно движење на жива стока и стока во свежа состојба, за што порано имаше ограничено време. На овој начин значително се олеснува и забрзува протокот на стоки, што е важно за македонските земјоделско- прехранбени производи навреме да стигнат на странските пазари“, потенцираше министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски.
Новиот протокол во исто време, ќе придонесе и да се избегнат подолги задржувања на граничните премини и да се обезбеди брз и безбеден проток на жива стока на овие два гранични премини.
„Царинската Управа перманентно работи на одржување на постојните и воведување на нови можности за олеснување и забрзување на царинските постапки и условите за нивно спроведување, со поддршка од информатичка и комуникациска технологија“, истакна директорот на Царинската Управа, Ѓоко Танасоски.
Протоколот за побрз проток на стоки на граничните премини Табановце и Богородица е изработен врз основа на меморандумот за разбирање помеѓу Министерството за внатрешни работи и Министерството за финансии.
„Ова ќе го правиме координирано, ќе дејствуваме заеднички се со цел поефикасно користење на расположливите материјални технички, човечки и финансиски ресурси. Секако според надлежностите, коишто ни се утврдени со закон и подзаконски акти и прописи. Во текот на 24 часа координирано ќе настапуваме заедно со царинските служби, заедно со инспекциските служби коишто ќе бидат на наведените гранични премини. Ќе се следат состојбите, ќе се координираат, се со цел да се обезбеди брз проток на стоката“, додаде, Лазо Велковски, директор на Бирото за јавна безбедност.
Протоколот за уредување на постапките за побрз проток на жива стока, стока во жива состојба, опасни материи, стока во новиот компјутерски транзитен систем и на празни камиони на граничните премини Табановце и Богородица стапува на сила веднаш.
Можеби ќе ве интересира
Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски поднесе неотповиклива оставка
ИСКОПУВАЛЕ КУЛТУРНО НАСЛЕДСТВО, ЗАВРШИЈА ЗАД РЕШЕТКИ: МВР најде метални детектори и кутија со 43 златни и сребрени монети
Интервју со Д-р Слободан Лазаревски: Она што ми се случи можеби беше божји знак за повторно откривање на малите нешта
ПАК ЌЕ БИДЕ ГЛАСНО, АМА БАРЕМ ЌЕ ЗНАЕМЕ КОЛКУ: Поставени се сите 30 уреди за мерење бучава во Центар
„АКО ОДБИВА ДА ПОТПИШЕ - СЀ Е ЈАСНО“: СДСМ тврди дека Мицкоски не ја зборува вистината за мигрантите
Предлогот за разрешување на Коцевски и Резолуцијата на власта за осуда на манипулациите на опозицијата за мигрантите во Собранието
Нашинците склучуваат бракови во странство, ова се топ три земји...
И МИНИМАЛНО ПРЕЧЕКОРУВАЊЕ НА БРЗИНАТА ЌЕ СЕ САНКЦИОНИРА – се менува Законот за сообраќај, еве какви новини се планираат




