15 Јануари, 2025
0.0298

„Со овие критериуми секој министер по сопствена желба може да дели средства“: Најческа остро за јавниот повик на Владата

Објавено во: Македонија 07 Септември, 2024

Добивај вести на Viber

По објавата на повикот од Влаата за доделување средства за капиталните проект со остра критика се јави професорката Мирјана Најческа. 

- Ова  драги мои е обична спрдачина и изигрување на правото - напиша Најчевска на својот Фејсбук профил. 

Професорката прво објави делови од јавнито повик, во кој што укажа дека условите се целосно исти кај сите министерства, па потоа потенцираше дека со ваква поставени критериуми институциите или надлежните раководни лица ќе прават како што сакаат. 

Еве што објави професорката на Фејсбук: 

Според јавниот повик за доделување средства за капитални проекти упатен од Владата (https://vlada.mk/javen-povik-opstini-mls-2024) право да поднесуваат апликации и предлог - проекти имаат општините, општините во градот Скопје и градот Скопје.

Се повикуваат заинтересираните да ги достават своите апликации и предлог-проекти, во согласност со утврдените критериуми за култура според следните критериуми:

- Распределба на обезбедените финансиски средства според глава на жител од резидентното население во секоја општина согласно последниот попис во Република Северна Македонија.

- Комплетноста на потребната проектна документација со сите потребни дозволи и согласности, со ревидирана предмер пресметка не постара од 12 месеци.

2. За разлика од критериумите на Министерството за култура Министерството за транспорт ( https://mtc.gov.mk/.../Kriteriumi-i-protseduri-za...) ќе ја изврши распределбата на капиталните дотации за инфраструктурни проекти во општините според следните критериуми:

- Распределба на обезбедените финансиски средства според глава на жител од резидентното население во секоја општина согласно последниот попис во Република Северна Македонија

- Комплетноста на потребната проектна документација со сите потребни дозволи и согласности, со реведирана предмер пресметка не постара од 12 месеци.

3. За разлика од претходните две, конкретните и специфични критериуми врз основа на кои ќе изврши распределба Министерството за социјална политика, демографија и млади (https://www.mtsp.gov.mk/pocetna-ns_article-objaveno-na-03...) се:

- Распределба на обезбедените финансиски средства според глава на жител од резидентното население во секоја општина согласно последниот попис во Република Северна Македонија.

- Комплетноста на потребната проектна документација со сите потребни дозволи и согласности, со реведирана предмер пресметка не постара од 12 месеци.

4. Министерството за образование и наука е уште попрецизно и ќе ја изврши распределбата на капиталните дотации за инфраструктурни проекти во општините од областа на образованието и науката според следните критериуми:

- Распределба на обезбедените финансиски средства според глава на жител од резидентното население во секоја општина согласно последниот попис во Република Северна Македонија.

- Комплетноста на потребната проектна документација со сите потребни дозволи и согласности, со ревидирана предмер пресметка не постара од 12 месеци.

5. Министерството за животна средина и просторно планирање ( https://www.moepp.gov.mk/.../240903-kriteriumi-za...) ќе ја изврши распределбата на капиталните дотации за инфраструктурни проекти во општините од областа на животна средина и просторното планирање според следните критериуми:

- распределба на обезбедените финансиски средства според глава на жител од резидентното население во секоја општина согласно последниот попис во Македонија и 

- комплетноста на потребната проектна документација со сите потребни дозволи и согласности, со реведирана предмер пресметка не постара од 12 месеци.

6. Министерството за спорт (https://vlada.mk/kritiriumi-mls-sport) ќе ја изврши распределбата на капиталните дотации за инфраструктурни проекти во општините од областа на спортот според следните критериуми:

Резидентното население во општината согласно последниот попис во Република Северна Македонија

Комплетна проектна документација, ревидирана предмер пресметка не постара од 12 (дванаесет) месеци пред аплицирање, со потребните одобренија за реализација на проектот;

Ова драги мои е обична спрдачина и изигрување на правото.

Со овие и вакви критериуми едноставно секој министер по сопствено наоѓање и желба (со ништо неограничен) може да си дели средства на оние кои му се мили и блиски на душата и срцето - нагласи професорката. 


Можеби ќе ве интересира

ЗА ВОДИЦИ СЕ ЈАДАТ ПИВТИИ: Кој ги готви, а кој си купува?

ЗА ВОДИЦИ СЕ ЈАДАТ ПИВТИИ: Кој ги готви, а кој си купува?

НАЈЧЕСТИ СЕ СКРШЕНИЦИТЕ НА КОЛКОТ И НА РАЧНИОТ ЗГЛОБ: Проф. д-р Камнар за сериозните повреди на подмрзнати површини

НАЈЧЕСТИ СЕ СКРШЕНИЦИТЕ НА КОЛКОТ И НА РАЧНИОТ ЗГЛОБ: Проф. д-р Камнар за сериозните повреди на подмрзнати површини

ПОРАСТ НА БОЛНИТЕ ОД ГРИП, НАСТИНКИ, КОВИД Е ОЧЕКУВАН, ЗА ЗАГАДЕНИОТ ВОЗДУХ НЕ НИ ПРАШУВАЈТЕ, КАЈ СЕКОЈ ПАЦИЕНТ ГО ПРОЛОНГИРА ОЗДРАВУВАЊЕТО: Д-р Трајковски со став

ПОРАСТ НА БОЛНИТЕ ОД ГРИП, НАСТИНКИ, КОВИД Е ОЧЕКУВАН, ЗА ЗАГАДЕНИОТ ВОЗДУХ НЕ НИ ПРАШУВАЈТЕ, КАЈ СЕКОЈ ПАЦИЕНТ ГО ПРОЛОНГИРА ОЗДРАВУВАЊЕТО: Д-р Трајковски со став

ЈАС ГИ ДОНЕСОВ ГРУБИ И ОСМАНИ ВО ДУИ, НО НЕ БАРАВ ДА БИДАТ ПОГОЛЕМИ ОД ПАПАТА: Меџити распали за неговите некогашни сопартијци

ЈАС ГИ ДОНЕСОВ ГРУБИ И ОСМАНИ ВО ДУИ, НО НЕ БАРАВ ДА БИДАТ ПОГОЛЕМИ ОД ПАПАТА: Меџити распали за неговите некогашни сопартијци

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Вработените во шест министерства и две државни институции на протест, бараат за 30 отсто повисоки плати

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Вработените во шест министерства и две државни институции на протест, бараат за 30 отсто повисоки плати

КОС КАЖА КОЈА ЗЕМЈА ОД РЕГИОНОТ ПРВА ЌЕ ВЛЕЗЕ ВО ЕУ: Што е со Македонија?

КОС КАЖА КОЈА ЗЕМЈА ОД РЕГИОНОТ ПРВА ЌЕ ВЛЕЗЕ ВО ЕУ: Што е со Македонија?

Левица: Со измените на законите би можеле да се вработат лица кои не направиле кривични дела само во последната година

Левица: Со измените на законите би можеле да се вработат лица кои не направиле кривични дела само во последната година

НА МЛАДАТА АНА И Е ПОТРЕБНА НАША ПОМОШ: да ја покажеме нашата хуманост, треба да замине на операција во Германија

НА МЛАДАТА АНА И Е ПОТРЕБНА НАША ПОМОШ: да ја покажеме нашата хуманост, треба да замине на операција во Германија

ПОЛНИ РАЦЕ РАБОТА ЗА БРЗАТА ПОМОШ: Дури 254 интервенции заради снегот

ПОЛНИ РАЦЕ РАБОТА ЗА БРЗАТА ПОМОШ: Дури 254 интервенции заради снегот