16 Декември, 2025
0.0630

СО ПРЕТРЕСОТ НЕ СЕ ЗНАЕЛО ШТО СЕ БАРА - Јовески откри „пикантерии“ за чешлањето на Финансова

Објавено во: Македонија 07 Април, 2023 22:31

Добивај вести на Viber

Не можев да ја трпам незаконитоста во предметот. Во наредбата не се знае што се бара. Многу пропусти ме принудија да постапам на тој начин. Ова го кажа републичкиот јавен обвинител, Љубомир Јовески во гостувањето на Телма осврнувајќи се на претресот во Финансова полиција. Овој случај ја брануваше јавноста, но доведе и до суспендирање на поранешната шефица на обвинителството за организиран криминал, Вилма Русковска, за која е предложено разрешување од страна на дисциплинската комисија. 

- По тој предмет имаше само една анонимна кривична пријава која подолг период седела во фиоката на Русковска. Кога прв ден замина на одмор дејствијата за наредба на претрес ги препуштила на обвинителката Ивана Трајчева, без да има преземено никакво претходно дејство по анонимната пријава. Во наредбата стои кривично дело примање награда за незаконито влијание, но од анонимната пријава немаше елементи за вакво кривично дело – рече Јовески.

Според него, во Финансова полиција било влезено од страна на обвинителот, без да се знае кој предмет се бара.

- Се барале предмети за 4 до 5 години наназад, што значи дека обвинителството нема никакви сознанија за ова и за други дела. Со претресот не се знаело што се бара. Не можев да ја трпам незаконитоста во тој предмет. Во наредбата не се знае што се бара. Многу пропусти што ме принудија да постапам на тој начин. Долго време размислував дали да покренам постапка – рече Јовески.

Тој појасни дека на судот кој ја дал наредбата за претрес, му биле дадени погрешни информации од страна на обвинителот.

Русковска неодамна на интервју рече дека според истражителите кои биле на претресот, првиот човек на кој директорот на Финансова, Арафат Муареми, му се јавил кога дознал за претресот, бил републичкиот јавен обвинител. На, Јовески вели дека комуникацијата била службена, со оглед на институциите со кои раководат.

- Не ми се јави директно, се јави во обвинителството, од обвинителството ми пренесоа дека поднел телефонска поплака. Без разлика дали се јавил или не, во ниту еден момент не презедов никакво дејство додека траеше претресот, ниту да го насочам, ниту да го спречам – рече Јовески, и појасни дека поплаката се однесувала на недолично однесување на некои истражители.

Русковска исто така рече дека откако беше суспендирана, сведоци во предметот се плашат да дадат исказ. Јовески на ова рече дека таа не се пожалила за тоа во обвинителството.

Наспроти изјавата на Русковска дека хајката против неа почнала кога го отворила предметот против Рашковски, Јовески рече.

- Истрагата за Рашковски ја води обвинителката Ивана Трајчева, она е реизбрана за обвинител во обвинителството за организиран криминал и корупција после отворањето на двете постапки против Рашковки. Ако имало притисоци и калкулации во тој предмет Ивана Трајчева не би била повторно избрана. Обвинителството работи неселективно – дополни Јовески.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ избра нови потпретседатели

СДСМ избра нови потпретседатели

Агелер: Без разлика дали има пристапни преговори патоказот постои, сакаме да видиме повеќе напредок на тој план

Агелер: Без разлика дали има пристапни преговори патоказот постои, сакаме да видиме повеќе напредок на тој план

МВР отвора шалтер за „Безбеден град“ - граѓаните ќе можат да ги ажурираат контакт-податоците

МВР отвора шалтер за „Безбеден град“ - граѓаните ќе можат да ги ажурираат контакт-податоците

Собранието ја изгласа потребата од носење на Предлог законот за Судски совет

Собранието ја изгласа потребата од носење на Предлог законот за Судски совет

ФОТО: Надградба наѕира на кровот на МНР

ФОТО: Надградба наѕира на кровот на МНР

Министерство за здравство ќе спроведе вонреден инспекциски надзор за смртта на новороденчето

Министерство за здравство ќе спроведе вонреден инспекциски надзор за смртта на новороденчето

Нема да има огномет од Град Скопје за Нова година?

Нема да има огномет од Град Скопје за Нова година?

Собранието го констатираше престанокот на функцијата на обвинителот Коцевски

Собранието го констатираше престанокот на функцијата на обвинителот Коцевски

СДСМ претстави антикорупциска платформа „МИЦКО“

СДСМ претстави антикорупциска платформа „МИЦКО“