Со речиси половина милион евра ќе се подобрува работењето на НБРМ
Објавено во: Финансии 07 Декември, 2012 15:53
Европската централна банка во партнерство со националните централни банки на евро-системот, го започна спроведувањето на проектот „Анализа на потребите на НБРМ“ во соработка со централната банка на Македонија.
Со „Деветмесечниот проект за анализа на потребите“, кој е финансиран од ИПА инструментот на ЕУ, ќе бидат утврдени областите во кои НБРМ би можела да оствари напредок во текот на наредните години во поглед на постигнување на стандардите за централните банки во ЕУ. Овие резултати ќе овозможат НБРМ да ја оформи својата идна стратегија за приклучување кон Европскиот систем на централни банки, а потоа и кон евро-системот, по пат на ревидирање на законската рамка, усвојување и спроведување нови политики и практики или обука на кадарот. На состанокот партнерите во проектот се договориле за методологијата што ќе се користи при анализата на потребите, што ќе покрие десет различни области како сметководство, банкноти, економска анализа и истражување, човечки ресурси, информатичка технологија, внатрешна ревизија, правни услуги, монетарна политика и политика на девизниот курс, платни системи и статистика, соопштија од НБРМ. Проектот почна на 15 октомври 2012 година, ќе го спроведува ЕЦБ во партнерство со централните банки на Германија, на Естонија, на Ирска, Шпанија, Италија, Малта, Холандија, Австрија, Словенија и на Словачка. Централната банка на Бугарија, исто така, ќе обезбеди експерти за проектот. Проектот е финансиран од Европската унија, што додели 405.000 евра од Инструментот за претпристапна помош и НБРМ, која обезбеди 45.000 евра како кофинансирање.* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!
ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено
„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори
РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати
СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни
Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција
Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави
АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката
ПЕНЗИОНЕРИТЕ ПРЕД УСТАВЕН ГО ИЗРАЗИЈА РЕВОЛТОТ: „Се бориме за корка леб и лекови“





