19 Декември, 2025
0.0560

СО ШТО ГИ ПРИВЛЕКУВААТ: Компании од кои вработените не сакаат да си одат!

Објавено во: Мои пари 05 Ноември, 2016 11:30

Добивај вести на Viber

LinkedIn направи листа, која ја нарече „Top Attractors”, од најдобрите американски компании во категоријата вработувања. После многу кругови на тестирања, проверки и интервјуа, кога еднаш влезат во оваа компанија, вработените не помислуваат да си одат никогаш.

11. Netflix

Нетфликс се работи поинаку, од креирање на содржина и бизнис воопшто , до работна етика внатре во компанијата. Вработените во неа имаат слобода, но и одговорност. Познато е дека таму вработените имаат неограничен одмор.

10. Airbnb

Airbnb е приватна компанија чие богатство се мери со цифри со минимум девет нули. Но, она што и дава посебна вредност е „културата на припаѓање“. Канцелариите на Airbnb се тесни и топли со атмосфера „како дома“. Исто така компанијата нуди ваучери за патување и така ги охрабрува вработените да го почуствуваат целото искуство од прва рака.

9. Twitter

Извршниот директор на Твитер Џек Дорси вети дека третина од своите акции ќе ги даде на вработените.

8. Tesla

Проценета на околу 32 милијарди долари, компанијата „Тесла“ вработува само 13 000 луѓе. Таа се натпреварува со Епл и Гугл за да вработи инженери кои ќе развијат автомобили без возачи. Елон Мас е своеглав лидер кој не се замара многу за правила, а на вработените им дал слобода да „ако сметаат дека состанокот е трошење на нивното време, може слободно да станат и да си одат“.

7. Microsoft

Кампусот на Мајкорософт во Редмонд (Вашингтон) е полн со ресторани, кафиња, шопови како и терени за спорт. Вработените може често професионално да се усовршуваат низ многубројни програми и тренинзи.

6. Uber

Оваа компанија има 6700 постојани вработени а нејзината вредност ги проценува на 62,5 милијарди долари. Uber е највредна од новите технолошки компании кои се во приватна сопственост. Компанијата е позната по тешкиот процес на вработување, но нејзините амбиции се огромни, од автомобили без возачи до брза достава, што ја прави атрактивно место за работа.

5. Amazon

Компанија која се шири со неверојатна брзина, на своите вработени често им дава шанса за професионално усовршување, и тоа преку програмата  “Amazon Career Choice”  и плаќа 95 отсто учество.

(Не треба да заборавиме дека Амазон повеќепати беше обвинува од страна на работниците во магацини за малтретирање на работно место од страна на работодавец).

4. Apple

Вработените во Епл се горди на своите производи. Дури и поранешни вработени им пишуваат на талентирани колеги и сјајна флаксибилност. Епл исто така даде ограничен број акции на мнозинството од своите вработени, кои ги има повеќе од 100 000.

3. Facebook

Компанијата им дава слобода на вработените да учествуваат во големи проекти. Но веќе да работите во Фејсбук стана привилегија и голема работа.

2. Salesforce

Откако што го инспирираа будистичките свештеници, генералниот директор на компанијата „Сејлсфорс“ Марк Бениоф одлучил да направи „мирни зони“ на секој кат на зградата од оваа компанија во Сан Франциско. „Сејлсфорс“ го почитува правилото дека „вработените не може да водат клиенти до успех ако прво не се погрижат за себе“.

1. Google

Околу 60 000 вработени во Гугл уживаат големи привилегии, како што е масажа додека работат, инспиративни места за работа, можност за усовршување.

Можеби ќе ве интересира

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција

„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција