Со средства од Европската унија, заврши обновата на патот во општина Конче
Објавено во: Мои пари 17 Ноември, 2016 10:24
Заврши санацијата на патот во општина Конче кој беше оштетен од минатогодишните поплави. Обновата на патот во должина од 6,5 километри, кој ги поврзува селата Долно Липовиќ, Горно Липовиќ и Ракитец со општината, чинеше околу 188.000 евра, целосно обезбедени во рамките на Програмата на ЕУ за санација на штетите од поплавите.
„Секојдневното поминување по патот, особено во месеците кои изобилуваат со дождови претставуваше голем проблем и голема опасност за жителите“, вели градоначалникот Благој Јованов.

„Задоволни сме што градежните работи завршија во предвидениот рок кој за наша среќа се совпаѓа со периодот пред почеток на есенските поројни дождови. Конкретно, овој пат претходно не беше реконструиран речиси 50 години. Досега немаше никаква интервенција за негово проширување или посериозна санација“.
Проектот за реконструкција на патиштата во Конче е еден од осумте проекти финансирани со средства од Европската унија во рамки на неколку милионската Програма на ЕУ за санација на штетите од поплавите кои се случија во 2015 година.
Сите проекти ги спроведува Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) во партнерство со Секретаријатот за европски прашања, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Министерството за транспорт и врски, Јавното претпријатие за државни патишта и локалните самоуправи на засегнатите општини.
Можеби ќе ве интересира
Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон
Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“
Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун
Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција
Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час
Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете
Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии
„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција




