СО СТАНОТ ДОБИВАТЕ ПОДРУМ И ГОЛЕМ ПАРКИНГ ПРЕД ЗГРАДА - Не е ни 30 квадрати, а цената е „навистина мала“
Објавено во: Балкан 20 Ноември, 2022
Како што стојат работите во последните месеци во соседна србија, најлесниот начин да заработите е ако имате сопствен имот, за изнајмување или за продажба. Цените растат, би се рекло, од ден на ден, а „бисерите“ од огласите се се почести.
Последниве денови вниманието го привлече огласот за продажба на стан на падината Чукарица во Белград. Како што стои во огласот, се работи за стан со 28 квадрати, стара зграда, петти кат од вкупно седум, а од Ада Циганлија е километар и пол.
Има една соба, која е просечно уредена, покрај тоа има и бања, кујна, спална соба, а како што е наведено во огласот предност за купување имаат купувачите во готовина, јавува „Курир.рс“.
Во огласот стои и дека станот е реновиран, дека е приклучен на парно, а комуналиите се 65 евра месечно. Дополнително, со купувањето на станот доаѓа и подрумот како и „голем паркинг пред и околу зградата“.
Сега најважното нешто, цената! Станот се продава за 220.000 евра, со оглед на тоа што има 28 квадрати, значи дека квадратот е 7.857 евра.
Од друга страна, за споредба, доколку се одлучите да купите еднособен стан на падината Чукарица, ќе ви требаат меѓу 70.000 и 90.000 евра. Двособен стан чини и до 120.000 евра, а овој од 28 квадрати чини дури 220.000.
Фото: Принскрин* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.