Со топење на снегот можно ли е да има излевања?
Објавено во: Македонија 02 Февруари, 2017
Од Управата за хидрометеоролошки работи предупредуваат дека во наредниот период може да дојде до излевања поради топење на снегот.
Нивото на Охридското Езеро е за 4 сантиметри под дозволената минимална кота, а водостојот на Вардар во Јегуновце и Скопје е повисок од вообичаените максимуми за февруари, додека кај другите реки е понизок, соопштија денеска од УХМР.
Од УХМР предупредуваат дека во следниот период, поради топење на снегот во рамниците е можна појава на заезерени површини, особено во делови на Пелагонија, Струмичко Поле, Кумановско и Скопско Поле.
Македонија со денови беше под снежна покривка, која со покачување на дневните температури деновиве се топи.