09 Октомври, 2024
0.0346

СОБОРЕН АВИОН КАЈ БЕЛГОРОД: Русија тврди дека имало украински заробеници, Украина подоцна ќе излезе со став

Објавено во: Свет 24 Јануари, 2024

Добивај вести на Viber

Соборувањето на авионот „Иљушин 76“ е терористички акт, велат руските власти. 

Руското Mинистерство за надворешни работи кажа дека Украина го соборила воениот авион кој денеска се урна во пограничниот руски регион Белгород. Руските власти кажаа дека во авионот имало 74 луѓе, вклучувајќи и 65 украински воени заробеници кои оделе на размена, при што гувернерот на Белгород, Вјачеслав Гладков, изјави дека нема преживеани.

„Транспортниот авион ‘иљушин ил-76‘ се урна во поле близу селото Јаблоново. Сите во авионот загинале“, напиша Гладков на Телеграм.

Пратеникот во рускиот парламент и пензиониран генерал Андреј Картаполов претходно изјави дека авионот го погодиле три проектили, не откривајќи од каде му е таа информација.

„Тоа беше апсолутно намерно. Тие многу добро знаеја дека авионот е на пат, каде се движи и операторите на украинските ракетни системи земја-воздух не можат да ги помешаат транспортните авиони со воени авиони или хеликоптери како мети. Тоа беше намерно направено за да се саботира размената на заробеници“, изјави Картаполов.

Видео снимка објавена на Телеграм покажува како голем авион паѓа близу селото Јаблоново, по што експлодира. Ова село е оддалечено стотина километри од украинската граница. Украина ќе се воздржи од коментирањето на несреќата додека не добие веродостојни информации.

„Коментарите ќе дојдат малку подоцна. Потребно е време да се разјаснат сите податоци“, изјави советникот на украинскиот претседател Володимир Зеленски, Михајло Подољак.

Андриј Јусов, портпаролот на украинската воена разузнавачка агенција, потврди дека денеска била планирана размена на заробеници, која засега не се случила.

Русија и Украина имаат разменето стотици воени затвореници од почетокот на војната. Во почетокот на овој месец се случи најголемата размена, која вклучи 230 Украинци и 248 Руси. 

Руската инвазија на Украина почна пред скоро две години.

foto AP

Можеби ќе ве интересира

ФИЦО: Ракетен напад на Брисел би ги опаметил членовите на Европскиот парламент

ФИЦО: Ракетен напад на Брисел би ги опаметил членовите на Европскиот парламент

ДЕСЕТ НАЈПРИЈАТЕЛСКИ ДРЖАВИ ВО ЕВРОПА: И земји од регионот се најдоа на листата

ДЕСЕТ НАЈПРИЈАТЕЛСКИ ДРЖАВИ ВО ЕВРОПА: И земји од регионот се најдоа на листата

(ВИДЕО) ИНЦИДЕНТ ВО ЕВРОПСКИОТ ПАРЛАМЕНТ: Унгарец го нападна Виктор Орбан

(ВИДЕО) ИНЦИДЕНТ ВО ЕВРОПСКИОТ ПАРЛАМЕНТ: Унгарец го нападна Виктор Орбан

КОНТРОВЕРЗНА ИЗЈАВА НА ТРАМП: Газа може да биде подобра од Монако

КОНТРОВЕРЗНА ИЗЈАВА НА ТРАМП: Газа може да биде подобра од Монако

СИТУАЦИЈАТА Е НЕСТАБИЛНА, СЕ ВОДАТ ЖЕСТОКИ БОРБИ: Руската војска навлезе и во градот Торецк

СИТУАЦИЈАТА Е НЕСТАБИЛНА, СЕ ВОДАТ ЖЕСТОКИ БОРБИ: Руската војска навлезе и во градот Торецк

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ПОРАДИ ОПАСНОСТ ОД СМРТОНОСНА „ТРИПЛЕДЕМИЈА“: Заразата со три вируси оддеднаш може да биде фатална

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ПОРАДИ ОПАСНОСТ ОД СМРТОНОСНА „ТРИПЛЕДЕМИЈА“: Заразата со три вируси оддеднаш може да биде фатална

ПУТИН САМИОТ ЈА СРАМНИЛ СО ЗЕМЈА ЛУКСУЗНАТА ВИЛА ВО СОЧИ: Ќе гради нова, побезбедна?

ПУТИН САМИОТ ЈА СРАМНИЛ СО ЗЕМЈА ЛУКСУЗНАТА ВИЛА ВО СОЧИ: Ќе гради нова, побезбедна?

УРАГАНОТ „КРИК“ СЕ ДВИЖИ КОН ЕВРОПА: Еве каде ќе удри, носи силен ветер и дожд

УРАГАНОТ „КРИК“ СЕ ДВИЖИ КОН ЕВРОПА: Еве каде ќе удри, носи силен ветер и дожд

РУСИН КОЈ СЕ БОРЕШЕ НА СТРАНАТА НА УКРАИНА ЗАГИНА: Станува збор за познат активист

РУСИН КОЈ СЕ БОРЕШЕ НА СТРАНАТА НА УКРАИНА ЗАГИНА: Станува збор за познат активист