19 Декември, 2025
0.0488

ОБНОВЕНО: Собранието го изгласа Буџетот!

Објавено во: Финансии 24 Декември, 2012 15:07

Добивај вести на Viber

Собранието го донесе Буџетот за 2013-та со 65 гласа за и 4 против, а без присуство на опозицијата која претходно беше отстранета од собраниската сала.

Според министерот за финансии Зоран Ставрески, во Буџетот е правен во насока на заштита на македонските граѓани од европската економска криза, со него е предвидено зголемување на пензиите, социјалните надоместоци и земјоделските субвенции.

Исто така, истакна Ставрески, со Буџетот се предвидува  реализацијата на повеќе крупни инфраструктурни проекти, значајни за македонската економија. Со Буџетот за 2013 година Република Македонија ќе остане и натаму меѓу 4-те најмалку задолжени земји во Европа, истакна Ставрески.

Според прифатениот Буџет, вкупните приходи се 147.957.000.000, а расходите се 165.652.000.000. Дефицитот ќе биде 17.695.000. Растот на БДП е предвиден на 2 проценти, а инфлацијата 3,5 проценти.

Бруто инвестициите се очекува да имаат раст од 6 отсто, личната потрошувачка од 1,5 проценти, а јавната од 0,3 проценти.

Собранието на Република Македонија попладнево по серијата инциденти меѓу пратенциите од опозицијата и од власта, ја почна 49. седница со општа расправа по дополнетиот Предлог буџет за 2013 година што Владата го достави вчера.

Можеби ќе ве интересира

АЛАРМАНТНО: Хрватите соопштија колку работници ќе им требаат во следните пет години

АЛАРМАНТНО: Хрватите соопштија колку работници ќе им требаат во следните пет години

АЛТА БАНКА ЈА СТОПИРАШЕ ОДЛУКАТА ЗА КАДИЕВСКА ВОЈНОВИЌ - поранешната вицегувернерка сепак нема да биде дел од УО

АЛТА БАНКА ЈА СТОПИРАШЕ ОДЛУКАТА ЗА КАДИЕВСКА ВОЈНОВИЌ - поранешната вицегувернерка сепак нема да биде дел од УО

СО ИМЕ И ПРЕЗИМЕ ОБЈАВЕНИ ГРАДОНАЧАЛНИЦИТЕ ШТО НЕ ПОДНЕЛЕ ИЗЈАВА ЗА ИМОТНАТА СОСТОЈБА: Меѓу нив се и дел од старо новите скопски градоначалници

СО ИМЕ И ПРЕЗИМЕ ОБЈАВЕНИ ГРАДОНАЧАЛНИЦИТЕ ШТО НЕ ПОДНЕЛЕ ИЗЈАВА ЗА ИМОТНАТА СОСТОЈБА: Меѓу нив се и дел од старо новите скопски градоначалници

Ова се просечните годишни плати во европските земји: Разликите се огромни, еве зошто

Ова се просечните годишни плати во европските земји: Разликите се огромни, еве зошто

Рекорд на сите времиња: Илон Маск е најбогатиот човек во човечката историја

Рекорд на сите времиња: Илон Маск е најбогатиот човек во човечката историја

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Голем скандал во автомобилската индустрија: Возачите плаќале повеќе, производителите на батерии казнети со 72 милиони евра

Голем скандал во автомобилската индустрија: Возачите плаќале повеќе, производителите на батерии казнети со 72 милиони евра

Димитриеска-Кочоска: Буџетот е во одлична кондиција и обврските нема да останат несервисирани

Димитриеска-Кочоска: Буџетот е во одлична кондиција и обврските нема да останат несервисирани

Европските индекси растат, цените на златото повторно се близу до историски максимуми

Европските индекси растат, цените на златото повторно се близу до историски максимуми