Собранието „го испрати“ Амди Бајрам со четири просечни национални нето-плати

Објавено во: Македонија 09 Ноември, 2020 15:00
Поранешниот претседател на Сојузот на Ромите, Амди Бајрам, како пратеник од претходниот мандат во Законодавниот дом.добил исплата на две апанажи од Собранието четири дена откако починал.
На 24 октомври беше објавено за смртта на најдолгогодишниот пратеник во македонското Собрание, додека на 28 октомври Законодавниот дом му исплатил две отпремнини од по две просечни македонски нето-плати, односно вкупно 110.140 денари.
Во краткиот одговор, Собранието потврдува дека Бајрам бил исплатен со четири просечни македонски нето-плати, но не се споменува дали станува збор за погребни трошоци или пак плата која ја побарал како пратеник на кого му истекол мандатот.
Во законот за пратеници еден народен избраник има право на погребни трошоци во висина на просекот на двете последни плати, но пратеник на кој му истекол мандатот го нема тоа право. Кон крајот на јули, по предвремените праламентарни избори, новите пратеници веќе ги добија своите мандати. Инаку пред да почине, долгогодишниот политичар беше еден од оние кои го остварија правото да добиваат плата до пензионирање.
Инаку, од поранешните пратеници од претходниот мандат, Собранието досега еднократно им исплати по две просечни македонски нето-плати за отпремнина поради исполнување услови за пензија на Владанка Авировиќ, Лилјана Поповска и Неџбедин Каремани по 54.462 денари.
- Во врска со вашето прашање, ве информираме за следното : На поранешните пратеници г-ѓа Лилјана Попоска, г-ѓа Владанка Авировиќ и г. Неџбедин Каремани отпремнините им се исплатени на 7 октомври 2020 година, а на г. Амди Бајрами на 28 октомври 2020 година, гласи одговорот од Кабинетот на претседателот на Собранието.Амди Бајрам првпат станал пратеник во 1994, а паузираше од пратеничкото место три години додека беше во затвор, Поради кардиоваскуларни проблеми, почина на приватна клиника во Скопје. Пред неколку месеци ја ампутираше и едната нога, по што, најави дека сака да се врати во политиката.
Амди Бајрам е роден во Скопје во 1956 година и има завршено средно трговско училиште. Првпат станува пратеник во 1994 година, како член на Партијата за целосна еманципација на Ромите, а до 2020 беше пратеник со најмногу мандати.
А.К.
Можеби ќе ве интересира
ПАЛЕВСКИ Е ПОСЛЕДНИОТ СВЕДОК ШТО ТРЕБА ДА СВЕДОЧИ: Одложено судењето, неговиот адвокат доставил медицинска документација и барање за одложување

Новиот в.д. градоначалник на Кочани: Бараме помош, градежните инспектори ни се под истрага
Започнува пријавувањето за Croatia Osiguruvanje Business Run – трката за најбрза македонска компанија

ОБВИНИТЕЛСТВО ЈА ОДЗЕЛО ДОКУМЕНТАЦИЈАТА НА ПРИЛЕПСКАТА БОЛНИЦА ОД 2020 ГОДИНА ПА ДО ДЕНЕСКА - во тек е предистрага

„СЀ Е КАКО ДОСЕГА: НУЛА ОДГОВОРНОСТ КАЈ СИНИТЕ ЗА МОДУЛАРНАТА, НУЛА КАЈ ЦРВЕНИТЕ ЗА КОЧАНИ“: Салиу за министерот Тошковски

Охрид СОС: „Хотелот“ на Галичица и натаму не е урнат

ДАЛИ МВР МУ СЕ НАЛУТИ НА КОЦЕВСКИ? - „Зошто обелоденил дека ќе се апсат полицајци додека акцијата сѐ уште траела

КОС ПОТВРДИ: Никој не може да и даде гаранции на Северна Македонија ако сега го смени Уставот, дека повеќе нема да има пречки на европскиот пат

ЕДЕН МЕСЕЦ ОД КОБНАТА ТРАГЕДИЈА ВО КОЧАНИ: До каде е истрагата?
