Сојот кој „коси“ во Индија се појави и во Европа
Објавено во: Свет, Корона Вирус 23 Април, 2021
Сојот на коронавирус кој „коси“ во Индија стигна и во Европа.
Овој сој го има во Белгија. Тој е детектиран кај група индиски студенти кои стигнале од Париз. Групата од 20 студенти е сместена во карантин на северот на Белгија, каде кон средината на април дошле на крус, пренесе „Гардијан“.
Неколку научници велат дека можеби биле жртви на супер-заразниот член на нивната група или друг патник во автобусот, кој од Париз ги довел во Белгија. Групата слетала во Париз на 12 април.
„Неколку студенти имале симптоми на вирусот пет дена подоцна“, рече вирусологот Марк ван Ранст.
Во Индија дневно имаат над 300.000 заразени. Њу Делхи е затворен, а болниците се преполни.Во Индија 22 пациенти починаа поради недостиг на медицински кислород.
Троен мутиран вид на коронавирусот е детектиран во Индија.
foto freepik
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.