01 Мај, 2024
0.0311

СОНК ги усвои заклучоците, реформата на Царовска прогласена за избрзана

Објавено во: Македонија 14 Јануари, 2021

Добивај вести на Viber

Советот на Синдикатот за образование, наука и култура, кој ги застапува и просветните работници, во проширен состав, на својата последна седница ги донесе заклучоците со кои најавените реформи на министерката за образование Мила Царовска ги прогласи за избрзани.

СОНК за Нацрт-Концептот за реформи во основното образование смета дека не се создадени неопходните услови за непречено одвивање на наставата, без претходнo отстранување на слабостите за нејзино успешно реализирање и со многу неодговорени прашања и детали во самиот документ.

„Од погоре наведените причини, Советот на СОНК донесе заклучок, во интерес на поуспешно реформирање на основното образование, дека треба оваа иницијатива да се одложи или да се спроведат пилот училишта во кои би се отпочнала истата и врз основа на резултатите во тие училишта да се детектираат и отстранат евентуалните слабости, да се констатираат добрите страни, а потоа да се преземат чекори за спроведување на реформите“, смета репрезентативниот синдикат.

Подоле во прилог се заклучоците кои ги донесе СОНК:

- освен предлог наставниот план, немаме предлог наставна програма по наставни предмети, со што би добиле многу одговори на прашањата што следуваат; 

- новите интегрирани наставни предмети, како што се: предметот природни науки, предметот општествени науки, уметничко образование, техника, технологија и информатика ќе бидат составени од повеќе досегашни предмети, за кои што во овој момент немаме информација, кој предмет со колку часови ќе биде застапен; 

- кај наставниците постои страв од намалување на наставни часови, а со тоа и намалување на платата, односно создавање на делумен технолошки вишок; 

- воопшто не е јасно како ќе функционираат новите интегрирани предмети и колку е возможно да се направи реален распоред на часови за наставниците и учениците; 

- дали наставниците, кои што ќе работат по новиот наставен план и програма, ќе имаат соодветна обука за тоа и дали ќе има време до почетокот на новата учебна година истото да се направи; 

- планирано е да се зголеми работното време на наставниците, директно со учениците со 5, односно 6 часа работа. Планирано е 1,5 саати ( два наставни часа) да се реализираат со слободни изборни активности, што е вон нивното формално образование, вон наставни активности, подготовка за натпревари, дополнителна настава и др. за што се потребни соодветни просторни услови. Нашите анализи покажуваат дека во најголемиот дел на училишта кои што работат во две или три смени, ваквите услови ги немаат; 

- во контекст на работното време на училиштата, кои што би биле активно отворени повеќе од 12 часа, во огромен дел на училишта би се создал реален проблем со патување на учениците, особено во руралните средини;

- со креирање на нова наставна програма по наставни предмети, се очекува да се има нови наставни помагала, односно учебници и прирачници. Сметаме дека периодот до почетокот на новата учебна година е многу краток за да се издадат новите учебници и прирачници по новите наставни предмети; 

- споменати се дигитални учебници и користење на дигитални библиотеки, кои што ќе бидат достапни за секој наставник и ученик. Нејасно е дали училиштата ќе бидат опремени со информатичка технологија, достапна за секој ученик и наставник во текот на работниот ден. 

"Заради сите овие отворени прашања, а веројатно ќе има уште многу со донесување на наставната програма, Советот на СОНК бара планираната реформа во основното образование да не започне од септември 2021 година во сите училишта од 1-во и 6-то одделение, туку со избор на неколку училишта во различни средини ( централни, градски, периферно градски, рурални, рурално централни со подрачни, повеќе сменски, училишта со комбинирана настава и т.н.), кои би биле пилот училишта, би се следеле повеќе години и со тоа би се детектирале сите позитивни и негативни страни на ваквото реформирано основно образование. Нашето цврсто убедување е дека реформирањето на образовниот систем на секоја држава, па и на нашата е многу важен процес во развојот на државата и државните капацитети, па од таа причина би се нанеле големи штети бидејќи се реформира образовниот систем со забрзани чекори, без претходно да се детектираат реалните слабости кои што би произлегле во текот на реформите“ заклучуваат од таму.

Заради тоа, Советот на СОНК бара итна работна средба со министерството за образование и наука.


Можеби ќе ве интересира

Петгодишно дете пронајденo со полиција во паркот во Сарај

Петгодишно дете пронајденo со полиција во паркот во Сарај

Пронајдена човечка коска од гробишта каj Клинички центар

Пронајдена човечка коска од гробишта каj Клинички центар

Од МВР нема одговор за „вооружената група во Чаир и Бутел“

Од МВР нема одговор за „вооружената група во Чаир и Бутел“

Чувар на паркинг пронајден починат во куќарка

Чувар на паркинг пронајден починат во куќарка

Каевски и Мојсовски сметаат дека политички се обвинети од ОЈО

Каевски и Мојсовски сметаат дека политички се обвинети од ОЈО

Нема да се знае кога ќе биде доведен Палевски, поради безбедносни причини

Нема да се знае кога ќе биде доведен Палевски, поради безбедносни причини

Деспотовски: Ново партиско раководство што ќе подаде рака кон членството

Деспотовски: Ново партиско раководство што ќе подаде рака кон членството

Изет Меџити кандидат за министер за внатрешни работи: Ќе видиме наредните денови

Изет Меџити кандидат за министер за внатрешни работи: Ќе видиме наредните денови

Водно денес без место за паркирање

Водно денес без место за паркирање