19 Декември, 2025
0.4278

Sony промовира нова пролетна линија на слушалки

Објавено во: Мои пари 25 Март, 2014 18:29

Добивај вести на Viber

Пролетната линија слушалки од Sony се состои од единаесет најнови MDR-ZX и MDR-EX модели, усовршени за поудобно носење при подолго слушање на вашата омилена музика, овозможувајќи динамичен, моќен и прецизен звук. Дел од моделите се со вграден микрофон/далечинско, за полесни телефонски разговори. MDR-ZX серија слушалки за на глава Овие луксузни MDR-ZX750BN Bluetooth® безжични слушалки за на глава  поседуваат извонредната звучна изолација, функција за исклучување на шумови и практични опции за поврзување и за безжично слушање. Удобните, обложени со перничиња слушалки за на глава, со пречник на звучникот од 40mm, осигуруваат јасен и детален звук со широк опсег на динамиката. Вашето доживување ќе биде уште посилно со функцијата за исклучување на дигиталните шумови при што надворешните звуци се блокираат до 98%, отстранувајќи ги надворешните влијанија за непречено слушање, притоа и вашите уши се заштитени од студот во свежите пролетни денови. Вградената литиум - јонска батерија на полнење, овозможува до 13 часа, непрекинато безжично слушање со опцијата „исклучени шумови“. Слушалките воедно имаат и вграден микрофон, кој ви овозможува брзо да преминете од слушање музика на телефонски разговор, додека сте во движење. Достоен наследник на мега популарните MDR-ZX300, тенките, лесните MDR-ZX310 го надградуваат сè она по што нивниот претходник стана  познат ширум светот. Тие се наменети за едноставно секојдневно аудио доживување со одличен квалитет на звукот и практичен дизајн за нивно лесно превиткување и пакување во вашите патни торби. Звучниците од 30mm со своите моќни магнети ги оживуваат басовите, средните и високите тонски линии. Уште еден, истакнат претставник на Sony слушалките за на глава е моделот MDR-ZX610AP, достапен во 4 различни бои. Опремени со моќни 40mm звучници од неодимиум, новите слушалки овозможуваат да ја слушнете секоја нота со исклучителна јасност и висока сензитивност. Доколку ги користите MDR-ZX610AP со вашиот смартфон, со бесплатната апликација Smart Key која е достапна преку Google Play – можете да ги проширите вградените функции на слушалките, како што се далечинската контрола и микрофонот. Можете и да ги прилагодите овие функции, за да управувате со одговарањето на телефонските повици и слушањето на музиката, онака како што вам ви одговара. MDR-EX серија на слушалки за во уво Пролетната линија на Sony слушалките за во уво е предводена од MDR-EX650AP. Новиот дизајн се карактеризира со 12mm EX звучник кој е реконструиран за поудобно носење и поголем квалитет на звукот. Чист месинг е користен за куќиштата и за новата проширена звучна патека кај слушалките MDR-EX650AP. Користен и кај трубата, саксофонот и останатите лимени дувачки инструменти, оваа легура на бакар и цинк музичарите особено ја ценат заради густината, блескавиот изглед и акустичните својства. Иако потежок од алуминиумот, ги спречува несаканите вибрации и резонанции, обезбедувајќи чиста, необоена, репродукција на средните и високите фреквенции. Слушалките  со вграден микрофон/далечинско управување, овозможуваат полесно користење на вашиот смартфон - „hands-free”. Со разнобојните MDR-EX110 и EX15 ќе добиете повисок квалитет на звукот од вашиот дигитален музички плеер во однос на слушалките кои одат со нив во комплет, по достапна цена. Тие се исто така достапни и во ‘AP’ верзии со вграден микрофон/далечинско за полесни телефонски разговори. Новата линија на разнобојни слушалки на Sony од сериите МDR-ZX и MDR-EX ќе биде достапна на пазарот во Европа, од април оваа година.

Можеби ќе ве интересира

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција

„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција