СООБРАЌАЈКА КАЈ ШТИП: 16 припадници на армијата се повредени
Објавено во: Македонија 29 Септември, 2020
16 припадници на армијата се повредени во сообраќајка кај Штип.
Несреќата се случила кога дошло до судир на автобусот со кој се превезувале војниците и комби возило. При судирот автобусот се превртел и паднал странично во каналот веднаш до коловозот. Повредени се 16 војници и возачот на автобусот. Сите повредени се пренесени со амбулантни возила во штипска клиничка болница, а дел од нив се со набиеници и скршеници.
На местото на несреќата увид изврши јавен обвинител и екипа на МВР, а на лице место излезе и тим од воената полиција.