Соопштиле дека е почината од коронавирусот, а по девет дена од погребот жената се појавила
Објавено во: Свет, Корона Вирус 25 Јануари, 2021
Шпанка се појавила девет дена по својот погреб.
Осумдесет и пет годишна жена Росалија Бланко од градот Мадрид, чие семејство сметало дека починала од коронавирус, ги изненадила своите најблиски кога се вратила во домот за стари лица девет дена по погребот. Забуна настанала и на семејството Бланко му е соопштено дека таа починала од коронавирусот. Поради пандемските мерки кои се на сила, тие не можеле да присуствуваат на погребот. Сè започнало кога Росалија добила позитивен резултат на тестот и ја префрлиле со други заразени жители на домот во ковид центар. Забуната настанала откако жена што била во просторијата со Росалија починала, а по грешка е заведено дека таа починала. Нејзиното „враќање од мртвите“ го шокирало и нејзиниот сопруг Рамон, кој живее во истиот дом за стари лица.
Во Шпанија од вирусот починаа повеќе од 56.000 луѓе.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.