29 Јуни, 2024
0.0254

Сопственикот на „Кондево“ ја препушти фабриката на македонска менаџерка

Објавено во: Економија 26 Јуни, 2023

Добивај вести на Viber

Италијанскиот сопственик на фабриката „Кондево“ во Штип, Рафаеле Џанони, по седум години раководење, ја отстапи фабриката на управување на новопоставената директорка Ѓулај Салиевска - Ѓештаковска од крајот на месецов.. 

Италијанската фабрика, која е лоцирана во ТИРЗ Штип, произведува софистицирани топлотни разменувачи за бојлери и е еден од главните снабдувачи на светските производители, а лани најави дека планира со две нови производствени линии првичната инвестиција од 35 милиони евра да ја зголеми за 50 отсто и да го зголеми број на вработени.

Базирано на технологија на топлинска кондензација, фабриката произведува исклучиво за извоз на основа на мехатроника и роботика. Во моментов има нешто повеќе од 130 вработени. „Кондево“ инаку е семеен бизнис.

Салиевска - Ѓештаковска, според она што ни го кажа во телефонски разговор, е дел од фабриката од јануари 2022, а претходно била вклучена во работењето на инвестицијата како надворешен соработник. Вели дека и претходно работела како инвестициски консултант за други компании.

Од она што може да се пребара на интеренет, може да се види дека Салиевска - Ѓештаковска била претседател на Македонско-австриската бизнис асоцијација, а била и заменик-управител на „Секјуриком“. Оваа австриска компанија која своевремено имаше 1.500 вработени беше вмешана во голема тендерска афера во периодот од 2015 до 2018,  но Салиевска - Ѓештаковска си заминала од таму уште во 2014.

Инаку Кондево за најавената инвестиција годинава доби 110 милиони денари помош од Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони. 

А.К.


Можеби ќе ве интересира

НАЈНОВИ ПОДАТОЦИ: Koлку изнесува нето надворешниот долг на Македонија?

НАЈНОВИ ПОДАТОЦИ: Koлку изнесува нето надворешниот долг на Македонија?

OДЛУКИ НА ВЛАДА: Повисоки пензии, укинат факултетот за здравствени науки во Струга, нови именувања

OДЛУКИ НА ВЛАДА: Повисоки пензии, укинат факултетот за здравствени науки во Струга, нови именувања

ВАЛУТИ: Доларот e на највисоко ниво во 40 години во однос на јенот

ВАЛУТИ: Доларот e на највисоко ниво во 40 години во однос на јенот

Водовод Куманово: Мораме да купуваме струја со висока маржа затоа што нема понуди на тендерите

Водовод Куманово: Мораме да купуваме струја со висока маржа затоа што нема понуди на тендерите

ПРОЕКТОТ МОЈ ДДВ ОСТАНУВА: Граѓаните ќе го земаат истиот износ и во иднина

ПРОЕКТОТ МОЈ ДДВ ОСТАНУВА: Граѓаните ќе го земаат истиот износ и во иднина

Пеева Лауренчиќ: Спотовите на Киро Глигоров ги снимавме на филмска лента, први ПР клиенти беа „Мобимак“ и „Пивара Скопје“

Пеева Лауренчиќ: Спотовите на Киро Глигоров ги снимавме на филмска лента, први ПР клиенти беа „Мобимак“ и „Пивара Скопје“

ДВЕ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ПАДНАА НА ЕКОНОМСКИТЕ ТЕСТОВИ НА ЕУ: Тие се уште не се подготвени за влез во еврозоната, едната од нив е наш сосед

ДВЕ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ПАДНАА НА ЕКОНОМСКИТЕ ТЕСТОВИ НА ЕУ: Тие се уште не се подготвени за влез во еврозоната, едната од нив е наш сосед

„ЈАВНОСТА ДОПРВА ТРЕБА ДА ДОЗНАЕ КОЈ СТОИ ПОЗАДИ ИНВЕСТИЦИСКИОТ ФОНД, ГРАЃАНИТЕ НЕ ДОБИВААТ НИШТО ОД ВЕТЕРНИОТ ПАРК“: Битиќи распали за најавената инвестиција на ВМРО-ДПМНЕ

„ЈАВНОСТА ДОПРВА ТРЕБА ДА ДОЗНАЕ КОЈ СТОИ ПОЗАДИ ИНВЕСТИЦИСКИОТ ФОНД, ГРАЃАНИТЕ НЕ ДОБИВААТ НИШТО ОД ВЕТЕРНИОТ ПАРК“: Битиќи распали за најавената инвестиција на ВМРО-ДПМНЕ

Нафтоводот Скопје - Солун води борба со државната бирократија пред да биде пуштен во употреба

Нафтоводот Скопје - Солун води борба со државната бирократија пред да биде пуштен во употреба