05 Декември, 2025
0.0388

СОПСТВЕНИЧКИТЕ БРАНУВАЊА ВО „ГРАНИТ“ НЕ ЗАПИРААТ - за еден ден помина блок од милион евра, Зоран Милковски претходно докупил 0,2 отсто од акциите

Објавено во: Економија 26 Октомври, 2022 07:58

Добивај вести на Viber

Продолжуваат акционерските прегрупирања во нашата најголема градежна компанија „Гранит“. Акционерското друштво, преку ценовно чувствителна информација на Берзата, вчера соопшти дека дел од членовите на Управниот одбор и Надзорниот одбор, се стекнале со акции од компанијата.

Како што информираат оттаму, со најмногу акции се стекнал Зоран Милковски, генерален директор, член на Управниот одбор, како и син на долгогодишниот прв човек на компанијата Страшо Милковски. За Зоран Милковски се наведува дека се има стекнато со 7.077 акции на „Гранит“, што според пресметките, претставува околу 0,23 проценти од капиталот на компанијата.

Натаму, Катерина Ѓердовска, членка на Управниот одбор се стекнала со 778 обични акции, додека, пак, Виолета Божиновска, членка на Надзорен одбор, се стекнала со 926 обични акции од градежната компанија.

Со оглед што обврската за известување од компаниите за промени во акционерската сопственост кај членовите на управниот и надзорниот одбор е за неколку дена, се претпоставува дека овие акции биле купени во претходната недела.

Всушност, на 18 октомври се реализираше блок трансакција, во која поминаа 0,2 отсто од акциите на „Гранит“ или 6.280 акции, по цена од 1.450 денари за акција, што е вкупна сума на трансакцијата од 9,1 милиони денари или 148 илјади евра.

Вчера, пак, со акциите на „Гранит“ се реализираше уште една блок трансакција, во која беа купени 1,41 отсто од акциите на компанијата. Како што соопшти Берзата, цената по која се продала една акција изнесувала 1.450 денари, или за купени 43.200 акции, биле платени 62,6 милиони денари, односно малку повеќе од еден милиони евра.

Со акциите на „Гранит“ се тргуваше и на класичниот пазар, и во текот на вчерашниот ден поминаа 546 акции на компанијата, по просечна цена од 1.362 денари за акција, што значи дека беа продадени акции за околу 12 илјади евра.

Фактор пред неколку дена објави дека досегашниот најголем институционален инвеститор во компанијата Сава пензиски фонд одлучи да ги продаде своите 7,5 отсто од акциите, за 5,6 милиони евра. Се уште нема јавна потврда за тоа кои се новите сопственици на овие акции, затоа што се најмалку двајца и не го исполнуваат законскиот услов по кој мора јавно да се обелоденат новите сопственици

Оваа трансакција доаѓа набрзо откако во претходниот период имаше повеќе купопродажби во кои менаџерите на „Гранит“ предводени од Страшо Милковски, долгогодишен директор и сега претседател на УО на компанијата, купија околу два отсто од сите акции.

Тоа ги разгоре дилемите дали овие акционерски поместувања се можеби во функција на консолидација на актуелната раководна структура во очи на претстојни можни ангажмани на „Гранит“ во проекти на „Бехтел и Енка“. Тој конзорциоум треба да гради три автопатски патни правци во земјава, а како што се зборува, нивен прв избор на нашиот пазар би бил „Гранит“, најголема и реномирана домашна градежна компанија, и во такви услови на преговарање за деловна соработка би биле многу значајни позициите кои се имаат во „Гранит“.

Инаку, согласно последно објавената состојба од Централен депозитар, Зоран Милковски поседува 8,77 отсто од акциите на „Гранит“, Ивана Милковска-Симева има 8,84 отсто, а самото друштво поседува 9,81 отсто обични акции.

Н.Н.Ф.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

АЛЕКСАНДАР МАНЕВ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „Кадарот го создава духот на компанијата“

АЛЕКСАНДАР МАНЕВ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „Кадарот го создава духот на компанијата“

Венецуела го зголеми дневниот извоз на нафта во ноември

Венецуела го зголеми дневниот извоз на нафта во ноември

Oва се земји каде трошоците растат, а квалитетот на живот е загрозен

Oва се земји каде трошоците растат, а квалитетот на живот е загрозен

Хрватска е поскапа од Тоскана и Прованса, туристите се шокирани од цените

Хрватска е поскапа од Тоскана и Прованса, туристите се шокирани од цените

Димитриеска-Кочоска: Нема задолжување надвор од предвидените за годинава

Димитриеска-Кочоска: Нема задолжување надвор од предвидените за годинава

Путин ја затвора вратата за Г8: Престанав да одам

Путин ја затвора вратата за Г8: Престанав да одам

Германија ја зголемува минималната плата од 1 јануари, компаниите најавуваат зголемување на цените и отпуштања

Германија ја зголемува минималната плата од 1 јануари, компаниите најавуваат зголемување на цените и отпуштања

Германската Heidelberg Postpress бара стабилната деловна средина и квалификувани работници - ТИРЗ Скопје и Штип меѓу потенцијалните локации

Германската Heidelberg Postpress бара стабилната деловна средина и квалификувани работници - ТИРЗ Скопје и Штип меѓу потенцијалните локации

Инженери на РМ: ВМРО-ДПМНЕ да ја повлече наплатата од 200 денари за пристап до мрежа, како што вети

Инженери на РМ: ВМРО-ДПМНЕ да ја повлече наплатата од 200 денари за пристап до мрежа, како што вети