19 Декември, 2025
0.0489

Сопственикот на депонијата во Визбегово му го фрлил мобилниот на новинарот во огинот

Објавено во: Македонија 14 Јули, 2025 18:28

Добивај вести на Viber

Сопственикот на отворената депонија во Визбегово, на која на 9 јули гореа авто-делови и го загади воздухот во цело Скопје, му го одзел насилно мобилниот телефон на новинарот известувач на Алсат ТВ и го фрлил во огинот.

Сопственикот Александар Николчев го фрлил мобилниот затоа што претходно на истиот бил снимен физичкиот напад од негова страна над известувачот, а по краткото бегство потоа беше уапсен од полицијата.

Обвинителството сè уште го истражува случајот со нападот  врз екипата на телевизија Алсат, кое се случи на 9 јули и беше предизвикано од сопственикот на компанијата „ASD METAL GROUP“, Александар Николчев, и неговата сопруга Маја Караманова. Засега, против нив се изречени мерки на претпазливост – Николчев е во притвор, а Караманова во домашен притвор.

„Обвинителството ја сослуша екипата на Алсат во својство на оштетени. Снимателот Шенол Хајредини изјавил пред истражителите дека бил нападнат од Николчев и неговата сопруга, додека новинарот Авни Тахири ги потврдил дејствијата на обвинетите, истакнувајќи дека бил нападнат, навредуван и дека му бил одземен мобилниот телефон. Двајцата обвинети, исто така, ја оштетиле и опремата на телевизијата, за која во судска постапка ќе треба да се утврди висината на надоместокот“, објави Алсат ТВ.

Обвинителството го гони брачниот пар за „попречување на службено лице“, со образложение дека екипата била попречена, нападната и понижувана додека известувала за пожарот што ја зафатил таа депонија. Со тоа, на телевизија Алсат ѝ било оневозможено да го прикаже и пренесе точниот, вистинит и навремен инфоpмациски извештај за опасноста од пожарот, вклучително и неможноста да се информираат локалните жители да бидат претпазливи, да се евакуираат и да не се движат низ зоната зафатена од пожарот со кој институциите се бореле речиси 72 часа./Алсат.мк


Можеби ќе ве интересира

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица

Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината

Притвор за ексдиректорот на Управата за матични книги и уште шест други лица

Притвор за ексдиректорот на Управата за матични книги и уште шест други лица

Бојан Маричиќ се пријавил за претседател на ДИК

Бојан Маричиќ се пријавил за претседател на ДИК

Орце Ѓорѓиевски: Финансиска полиција подигна обемна документација од Град Скопје, Комунална хигиена и ЈСП

Орце Ѓорѓиевски: Финансиска полиција подигна обемна документација од Град Скопје, Комунална хигиена и ЈСП