Сорос дебело се пресмета, плаќа голема цена
Објавено во: Финансии 14 Јануари, 2017 10:48
Американскиот милијардер Џорџ Сорос ниту малку не е задоволен со победата на Доналд Трамп, со оглед на тоа дека поради него претрпел загуба од речиси милијарда долари.
Како што пишува Волстрит Џурнал веднаш откако стана јасно дека Трамп победил на изборите, американските берзанските индекси нагло изгубиле на вредност, но тогаш дошло до неочекуван пресврт - акциите почнале да растат во просек за 10 проценти дневно.
Американскиот весник, повикувајќи се на неименувани извори блиски до бизнисот на милијардерот, наведува дека Сорос очекувал нагол пад на вредноста на берзанските индекси.
Меѓутоа, се случило целосно спротивно сценарио.
Растот, кој следел негативно се одразил на капитализацијата на неговиот фонд. Сорос очекувал дека падот ќе биде поголем, што се испоставило како голема грешка, која резултирала со уште поголеми загуби.
Милијардерот во текот на кампањата отворено ја поддржувал и финансирал Хилари Клинтон, поради што и не чуди неговата скептичност по прашање на состојбата на пазарот по победата на Трамп.
Берзата покажала дека човекот кој ретко греши кога се во прашање акции-сепак згрешил.
Сорос не бил сам во претпоставките. Додуша, речиси сите експерти од Волстрит очекувале вртоглав пад на пазарот во случај на победа на Трамп.
Сорос по победата на Доналд Трамп ги критикувал републиканците, обвинувајќи дека е „можен диктатор“ и ја предупредил Америка дека тој резултат на изборите ќе има „долгорочни последици по здравјето на демократијата“.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“
„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!
ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено
„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори
РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати
СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни
Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција
Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави
АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката





