СОСЕДИТЕ ДЕНЕС ПОВТОРНО ГЛАСААТ - шестти предвремени избори од 2021 година наваму
Објавено во: Балкан 27 Октомври, 2024 08:47
Граѓаните на соседна Бугарија денеска избираат 240 пратеници во 51то. Народно собрание. Ова се шести предвремени парламентарни избори по редовните на 4 април 2021 година. Последните предвремени избори се одржаа на 9 јуни годинава.
Изборниот ден почна во 7 часот, а завршува во 20 часот, и може да се продолжи до 21 часот ако пред избирачкото место има гласачи кои не гласале. Гласањето во странство започнува во 7 часот и завршува во 20 часот, односно 21 часот по локално време.
На изборите за Национално собрание учествуваат 19 партии, девет коалиции и еден независен кандидат.
Бугарскиот претседател Румен Радев и даде мандат на Бугарската централнодесничарска партија ГЕРБ да формира влада по последните избори во јуни, на кои партијата освои најмногу гласови и обезбеди 68 места во 240-члениот парламент.
ГЕРБ, сепак, не успеа да формира мнозинска коалиција.
Мандатот потоа им беше понуден на другите партии, но и тие не успеаја да направат мнозинска коалиција, поради што беа организирани нови избори.
Според податоците на „Алфа Рисрч“, се очекува излезноста да биде меѓу 30 и 32 отсто.
Фото: МИА
Можеби ќе ве интересира
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација
Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата
Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии
Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни
Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата




