СОСЕДИТЕ ПИШУВААТ: Кризата во Македонија се продлабочува!
Објавено во: Македонија 03 Март, 2017 17:30
Политичката криза во Македонија се продлабочува. Претседателот на државата Ѓорге Иванов одбива да даде мандат за формирање влада на социјалдемократите, иако тие имаат парламентарно мнозинство, пишуваат медиумите од соседството.
Благодарение на поддршката на етничките албански партии, социјалдемократите си обезбедија парламентарно мнозинство, но во замена тие побараа усвојување на закон за поширока употреба на албанскиот јазик.
Државниот шеф на Македонија изјави пред европската шефица Федерика Могерини дека според уставот на земјата нема да даде мандат за формирање влада на оние кои преговараат за платформи и интереси на други држави. Според него така се посегнува врз суверенитетот и независноста на државата, пренесуваат бугарските медиуми.
Како што потсетуваат тие по изборите во земјата во декември ВМРО-ДПМНЕ и опозицискиот Социјалдемократски сојуз се со речиси израмнети сили. Мнозинството во 120-члениот македонски парламент и формирање влада зависат од 3-те албански партии, кои имаат вкупно 18 пратеници.
Можеби ќе ве интересира
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки
Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица
СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината
Притвор за ексдиректорот на Управата за матични книги и уште шест други лица




