Добивај вести на Viber
Со квалитетна работа, создавање на што повеќе професионални контакти, уредно напишано CV и мотивационо писмо, редовно следење на огласи, полесно ќе можете да најдете работа и да почнете да заработувате.
Периодот додека сте невработени користете го рационално и учете нови работи.
Бидете прецизни со вештините кои ги поседувате и при пишување на кратката биографија и кога одите на интервју.
Пред да ја дознаете висината на платата и дали имате шанси да напредувате, потрудете се да покажете дека сте вредни и полни со ентузијазам.
Наместо да го потенцирате факултетот кој сте го завршиле, ставете акцент на она што практично умеете да го работите.
Концентрирајте се на позицијата за која конкурирате и на тоа зошто токму вие сте најсоодветниот апликант за работата.