18 Декември, 2025
0.0591

СОВЕТНИЧКИ УСЛУГИ: Мирослав Грчев за две и пол години од Владата и Култура добил 17 илјади евра?

Објавено во: Македонија 22 Ноември, 2019 10:07

Добивај вести на Viber

Мирослав Грчев, архитект и советник во Министерството за култура, но и на премиерот Зоран Заев, во периодот од април 2017 до октомври 2019 година, односно за две и половина години, од Министерството за култура и од Владата добил исплати на вкупна сума од 17 илјади евра, покажува документот до кој дојде Фактор. 

Исплатите почнале од 12 април 2017 година, кога нему во истиот ден му биле извршени исплато од 12 и 20 илјади денари, а потоа продолжуваат во текот на наредниот период. 

Сумите се движат меѓу 10 илјади и 40 илјади денари по исплата. Обично исплатите се два пати месечно ако се поголеми, а доколку се помали износи, регистрирани се исплати во повеќе наврати во текот на месецот. 

Последната исплата во документот што го добивме е на 10 октомври, на износ од 40 илјади денари.

Исплатите се вршени во повеќе наврати и од Министерството за култура, и од Владата.

Фактор го доби овој документ од одредени наши извори, а го објавуваме онака како што го добивме, без заклучоци за што се исплаќани хонорарите, односно дали се тие за советничките услуги на професорот и архитект Грчев. 

Инаку, во ноември лани медиумите објавија дека Министерството за култура, како што самото информирало, ја оддржало првата средба на новиот состав на Советот за култура на министерот за култура Асаф Адеми.

Советот го сочинуваат 15 советници, вклучително со претседателот на ова тело. Меѓу нив и професор д-р Мирослав Грчев, редовен професор на Архитектонскиот факултет при УКИМ. 

Членовите на Советот ги именува министерот за култура, од редот на истакнати уметници, стручни лица од областа на културата и од јавниот и општествениот живот, по принципот на компетентност и на соодветна и правична застапеност на граѓаните кои припаѓаат на сите заедници.

Според Законот за културата, улогата на Советот е да му дава мислења на министерот од неговата законска надлежност. Советот се свикува по барање на министерот, а мандатот на членовите е во траење со мандатот на министерот.

А во мај 2018 година медиумите објавија дека вкупно 56 советници, од кои тринаесет посебни советници, десет советници и 33 надворешни има премиерот Зоран Заев ангажирано во својот кабинет. 

Меѓу нив и Мирослав Грчев, како надворешен соработник соработник за просторно и урбанистичко планирање и градежништво.

А во април лани Димитар Грчев, син на Мирослав Грчев, на неговиот фејсбук профил ја потврди информацијата дека тој е вработен во ЕЛЕМ. 

„Да, работам за ЕЛЕМ. Благодарам на интересот, дефинитивно го немаше кога работев во фабрика во Штип“, напиша тогаш Драган Грчев., додавајќи дека во Штип повеќе го плаќале. 

Инаку, Мирослав Грчев е истакнат професор и архитект, и беше познат како жесток на претходната власт, особено на проектот Скопје 2014, а беше и виден учесник во Шарената револуција.

Н.Н.Ф. 

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Шилегов бара оставка од Филипче

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Шилегов бара оставка од Филипче

Желјазков: Немаме нерешени билатерални прашања со Република Северна Македонија

Желјазков: Немаме нерешени билатерални прашања со Република Северна Македонија

Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче

Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче

Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч

Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч

Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“

Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“

Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција

Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција

Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен

Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен

„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија

„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија

Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери

Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери