СОВЕТНИЦИТЕ ДА ДАДАТ ЕДЕН МЕСЕЧЕН ПАУШАЛ, А ГРАДОНАЧАЛНИЧКАТА ЕДНА МЕСЕЧНА ПЛАТА ЗА ЛЕО: Иницијатива до советниците на град Скопје
Објавено во: Финансии, Македонија 22 Февруари, 2024 11:36
Градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска, денес до Советот на Град Скопје, испрати иницијатива за итна седница со единствена точка на дневен ред - да му помогнеме на младиот Леонид Индов.
Арсовска до советниците предложи да донесат одлука со која ќе донираат еден месечен паушал, а градоначалникот на Град Скопје една месечна плата во акцијата организирана од градот Скопје за што побргу да се соберат потребните средства за Леонид.
Од денес пак, градот Скопје како што беше најавено вчера, започнува со хуманитарната акција во сите јавни претпријатија, институции и училишта под надлежност на градот а во акцијата можат да се вклучат и сите граѓани на Скопје.
„Ги повикуваме сите граѓани кои се во можност да помогнат, да ја покажеме уште еднаш својата хуманост!“ велат градските власти.
Можеби ќе ве интересира
АЛАРМАНТНО: Хрватите соопштија колку работници ќе им требаат во следните пет години
АЛТА БАНКА ЈА СТОПИРАШЕ ОДЛУКАТА ЗА КАДИЕВСКА ВОЈНОВИЌ - поранешната вицегувернерка сепак нема да биде дел од УО
СО ИМЕ И ПРЕЗИМЕ ОБЈАВЕНИ ГРАДОНАЧАЛНИЦИТЕ ШТО НЕ ПОДНЕЛЕ ИЗЈАВА ЗА ИМОТНАТА СОСТОЈБА: Меѓу нив се и дел од старо новите скопски градоначалници
Ова се просечните годишни плати во европските земји: Разликите се огромни, еве зошто
Рекорд на сите времиња: Илон Маск е најбогатиот човек во човечката историја
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Голем скандал во автомобилската индустрија: Возачите плаќале повеќе, производителите на батерии казнети со 72 милиони евра
Димитриеска-Кочоска: Буџетот е во одлична кондиција и обврските нема да останат несервисирани
Европските индекси растат, цените на златото повторно се близу до историски максимуми




