Спасов: Писмото на Иванов до меѓународната заедница нанесува голем срам на Македонија
Објавено во: Македонија 08 Март, 2017 08:00
Претседателот Горѓе Иванов, покажува дека е еден од главните креатори на политичката криза во земјава, но и на нејзиното продлабочување после изборите, вели за Фактор поранешниот амбасадор Горѓи Спасов. Спасов, посочува дека Иванов прв го крши Уставот со тоа што одбива да му го дели мандатот за состав на Влада на Зоран Заев, а при тоа ги обвинува другите дека тоа го прават.
На луѓето кои го повикуваат да покаже мудрост и да се откаже од непочитувањет на Уставот, тој им пласира еден серија лаги за загрозеноста на мирот, унитарноста ,независноста и територијалниот интегритет на Македонија од страна на политичките партии на Албанците на Македонија и нивните странски подржувачи кои составиле некаква декларација со која ја уценувале Македонија.
Иако таа платформа или декларација не е некаков официјален документ, и сам по себе не предизвикува било какви обврски или промени, односно е на ниво на Прогласот што го прочита Груевски на денот пред прегласувањето пред ДИК, Иванов бара од меѓународните организации да ја осудат и отфрлат таа „тиранска платформа„ како мешање во внатрешните работи на Македонија од страна на Тирана и Приштина, и да сфатат зошто тој не го дава мандатот на параламентраното мнозинство во Македонија за состав на влада и покрај тоа што е тоа негова уставна должност.
Иванов со писмото покажува дека е еден од клучните креатори на кризата и особено на нејзиното постизборно продлабочување.
Од неговото писмо, на секого му е јасно дека тој себе се издига на ниво на единствен бранител на независноста и суверенитетот на земјата, иако според Уставот тој има само ограничени надлежности, бидејќи Македонија е парламентрана демократија.
Прво.Тој има должност да го даде мандатот за состав на влада на било кое парламентрано мнозинство кое добило доверба од граѓаните на слободни избори. Никој нему лично не му доверил некаква „превентивна„ улога во системот и право на условување на партиите што имаат мнозинство со каква владина програма ќе излезат пред Парламентот. Да е така тој би имал право да ја поништи избирачката волја а со ова, тој тоа и го прави и прв го крши Уставот а ги обвинува другите за такви намери.
Второ. Тој како и секој граѓанин има право да укажува на постоење на некаква „непријателска пропаганда„ јавно да отфрла неприфатливи идеи за него, но нема право да треска глупости од стилот „додека сум јас претседател и додека сум жив не го давам мандатот на лица кои не ми се допаѓаат„ иако ми е тоа должност според Уставот.
Трето. Дури и да се точни неговите произволни толкувања дека „новото параламентрано мнозинство„ на кое би му го доверил мандатот има намера да го промени Уставот, да ја загрози унитарноста , незвисноста и сл, тој нема овластувања тоа да го спречува на овој начин. Тоа не може да се случи со декларации и платформи. И тој тоа треба да го знае. Тоа може да се случи со Закон. Но ако некој закон загрозува такво нешто, тој има овластување да не го потпише и да го врати во Собранието со сите образложение а Уставниот суд може да укине одредби од закон. Уставот не може да се промени без јавна расправа и без двотретинско мнозинство во Собранието. А имплементацијата на Рамковниот договор, кој од 2001 година и е еден вид мировен договор меѓу Албанците и Македонците е гарантирана и од САД и од ЕУ како негови потписници.
Затоа сите „наводни опасности„ од платформата се небулози на Иванов со кои само шири клевети, омраза и својата параноидност ни ја наметнува како состојба на духот во земјава.
С.Н.Можеби ќе ве интересира
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки
Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица
СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината
Притвор за ексдиректорот на Управата за матични книги и уште шест други лица




