19 Декември, 2025
0.0491

Спасовски: Доделувањето на мандатот ќе значи прв чекор кон разрешување на кризата

Објавено во: Македонија 07 Март, 2017 15:56

Добивај вести на Viber

Доделување на мандатот за формирање на владата, ќе значи прв чекор кон разрешување на кризата, и до намалување на тензиите.

Ова го одговори генералниот секретар на СДСМ, Оливер Спасовски запрашан дали СДСМ стравува од тензии доколку шефот на државата му го додели мандатот на опозицискиот лидер.

Спасовски образложувајќи го одговорот на ова прашање вели:

„Доделување на мандатот за формирање на владата, ќе значи прв чекор кон разрешување на кризата, и до намалување на тензиите. Зошто е тоа така? Затоа што на тој начин ќе се создадат можности да се разговара за програмата на владата, таа ќе биде презентирана во македонската јавност, и таа програма на Влада е клучниот елемент за развој на Република Македонија. Така што апсолутно не очекувам дека еден дел од граѓаните на Република Македонија ќе продолжат со протести и тензии, во услови кога не знаат за што протестираат во најголемиот дел. Знаете како рече еден демонстрант пред ДИК - јас не знам за што се протестира, меѓутоа за секој случај сум тука. Се додека добиваме такви одговори на прашањето зошто се протестира, јасно е дека се протестира заради заштита на одредена група, којашто се плаши заради сопствената кожа, што ќе се случува во понатамошниот период, се плаши од воспоставувањето правда во Македонија, меѓутоа најважно за државата е нова реформска влада и правда за сите граѓани“, рече Спасовски.

Спасовски вели дека СДСМ работи на варијанти коишто следуваат меѓутоа најважната работа е Иванов да се вразуми и да го даде мандатот со тоа што ќе ги исполни своите уставни овластувања. 

„Ова претставува директно кршење на Уставот, рушење на уставниот поредок и токму заради тоа и денешната прес конференција и повикот навистина г-динот Иванов да  направи се, да помогне Македонија да излезе од оваа криза. Изборот на Парламентот и сите други работи којшто претходат, сигурно дека мора да се случат меѓутоа најважно од се е Македонија да добие што е можно побрзо Влада“, посочува Спасовски.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица

Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината

Притвор за ексдиректорот на Управата за матични книги и уште шест други лица

Притвор за ексдиректорот на Управата за матични книги и уште шест други лица