19 Декември, 2025
0.0398

Спасовски ги повика Собранието и ДИК да профункционираат

Објавено во: Македонија 15 Јуни, 2020 11:46

Добивај вести на Viber

Оливер Спасовски, техничкиот премиер на Македонија, ги повика институциите, алудирајчи на Собранието и на Државната изборна комисија, да ги земат работите во свои раце и да стават јасно до знаење дека предвремените парламентарни избори треба да се одржат на 5 јули.

- Владата ја има таа јасна позиција, согласно Уредбата, Уставот и законите, денот на избори е 5 јули. Лидерите имаа време да разговараат за изборниот процес и реков дека до оној момент кога политичките лидери не можат тоа да го сторат, институциите на системот мора да ја преземат одговорноста. Неодговорно е во време на здравствена и економска криза државата да биде оставена со нефункционални институции и без Собрание за контрола на извршната власт, рече Спасовски во „Утрински брифинг“.

Ваквата изјава на Спасовски следува откако Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРо-ДПМНЕ, вчера рече дека за него се неприфатливи термините на 5 и 8 јули. Потоа топката се префрли во ДИК, од каде членови брифираа дека претседателот на комисијата Оливер Дерковски не се одзива на повиците за седница на која треба да биде констатирано дека започнува предизборната кампања и изборните рокови по завршувањето на вонредната состојба. Последен се огласи претседателот на Собранието, Талат Џафери, кој рече дека за датм за избори треба да се договорат власта и опозицијата.

Според Спасовски, сепак изборите мора да се спроведат како што е пропишано во Уставот и законите со учество на сите партии за целосен легитимен и регуларен изборен процес.

- Не го разбирам Мицкоски и ВМРО ДПМНЕ кога би сакал да има избори?! Се навикнавме дека опозицијата нема став за ниту едно клучно прашање. Но мораме да имаме висока свест во рамките на оваа здравствена и економска криза, се со цел да ги комплетираме институциите и да продолжи интересот за справување со Ковид 19, економската криза, евроинтегративниот пат и слично, додаде Спасовски.

Последните информации се дека денеска точно на пладне членовите на Државната изборна комисија се повикани во Владата за да се пронајде излез од оваа ситуација.


Можеби ќе ве интересира

Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица

Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината

Притвор за ексдиректорот на Управата за матични книги и уште шест други лица

Притвор за ексдиректорот на Управата за матични книги и уште шест други лица

Бојан Маричиќ се пријавил за претседател на ДИК

Бојан Маричиќ се пријавил за претседател на ДИК

Орце Ѓорѓиевски: Финансиска полиција подигна обемна документација од Град Скопје, Комунална хигиена и ЈСП

Орце Ѓорѓиевски: Финансиска полиција подигна обемна документација од Град Скопје, Комунална хигиена и ЈСП

АХВ ВО КОНТРОЛА НА НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА: Еве што открила

АХВ ВО КОНТРОЛА НА НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА: Еве што открила

„ТОА Е ИСТО КАКО ХИТЛЕР ДА ТЕ ПОФАЛИ ЗА ДОБРИТЕ РЕФОРМИ ШТО ГИ ПРАВИШ“: Најчевска за пораката на Трамп дека сме на добар пат во развојот на демократијата

„ТОА Е ИСТО КАКО ХИТЛЕР ДА ТЕ ПОФАЛИ ЗА ДОБРИТЕ РЕФОРМИ ШТО ГИ ПРАВИШ“: Најчевска за пораката на Трамп дека сме на добар пат во развојот на демократијата

ОПОЗИЦИЈАТА МОЖЕ ДА СЕ ПОВИКУВА НА КОГО САКА: Тошковски за темата мигранти

ОПОЗИЦИЈАТА МОЖЕ ДА СЕ ПОВИКУВА НА КОГО САКА: Тошковски за темата мигранти

ДЕЛ ОД МАКЕДОНЦИТЕ ПОСЕДУВААТ ВАКВО ИСКУСТВО: Oва ги турка напред во кариерата

ДЕЛ ОД МАКЕДОНЦИТЕ ПОСЕДУВААТ ВАКВО ИСКУСТВО: Oва ги турка напред во кариерата