СПАСОВСКИ: За случајот во „Ист Гејт“ имаме осомничени, се прибираат докази
Објавено во: Македонија 27 Октомври, 2023
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски за Канал 5, за инцидентот што се случи пред три дена во трговскиот центар „Ист Гејт“, изјави дека интензивно се работи и се прибираат информации во рамките на штабот формиран во Секторот за внатрешни работи Скопје при МВР.
„Веќе имаме осомничени лица коишто би можеле да бидат сторители. Се работи на утврдување на целосните докази и за тоа ќе се информира јавноста. Секако дека идејата и една од можностите при криминалистичките истраги е да преку објавување на фотографијата да се добијат што е можно повеќе докази за една таква работа и токму затоа е преземен тој чекор. Во тој правец сметам дека секоја потврдена вест, информација којашто доаѓа од институциите е вистинската информација. Така, многу шпекулации, многу пишувања по социјалните мрежи имало и ќе има - меѓутоа важно е тие информации да ги добиваме од релевантните институции. Секогаш кога ќе имаме нешто ново ќе излеземе во текот на истрагата“, изјави Спасовски.
Две лица беа ранети во инцидентот. Потоа се појавија фотографии од лицето кое пукаше како седи во обложувалница и не се крие.* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.