05 Јули, 2024
0.0298

СПИКЕРОТ ЏАФЕРИ ВЕДНАШ ГО ПРАТИЛ ПРЕДЛОГОТ ДО ПРАТЕНИЦИТЕ И ЗАКАЖАЛ ПЛЕНАРКА ЗА 18 АВГУСТ - кој се ќе гласа, а кој нема за уставни измени

Објавено во: Македонија 19 Јули, 2023

Добивај вести на Viber

Денес претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери, го примил Предлогот за пристапување кон измена на Уставот на Република Северна Македонија, со насоки за изменување и дополнување на Уставот, чиј предлагач е Владата, соопштија од Собранието. 

„Претседателот Џафери веднаш го достави Предлогот до пратениците во Собранието и со оваа постапка почнуваат да течат временските рокови предвидени со Уставот и Деловникот на Собранието. Ја информираме јавноста дека, согласно Уставот и Деловникот, претседателот веќе ја закажа пленарната седница за 18 август во 11.00 часот. Пред да се разгледа Предлогот на пленарна седница, согласно прописите, Предлогот ќе го разгледа Комисијата за уставни прашања, чиј претседател е претседателот Џафери. Седница на Комисијата за уставни прашања е закажана за 25 јули во 10:00 часот. Согласно законските одредби, Комисијата треба да расправа по Предлогот најмногу 10 работни дена. Со оглед на тоа што 2 Август е неработен ден, а за 27 јули веќе е закажана седница за пратенички прашања, се очекува работата на Комисијата за уставни прашања да заврши помеѓу 7 и 9 август. По што, Предлогот ќе се разгледува на пленарна седница, на која дебатата трае до 10 работни денови. Доколку, со двотретинско мнозинство, се усвои потребата за донесување на уставни измени, Собранието усвојува Заклучок и го праќа материјалот до Владата на Република Северна Македонија. Собранието, со Заклучокот утврдува рок во кој подносителот (Владата), изготвува текст на нацртот на амандманите на Уставот, кој го доставува до претседателот на Собранието, по што Собранието во истоветна процедура во смисла на рокови ќе расправа по нив. Потсетуваме дека работата на Комисијата за уставни прашања и пленарната седница ќе бидат пренесувани во живо на Собранискиот ТВ канал и граѓаните ќе имаат постојан увид во работата на Собранието“, се вели во соопштението од собраниските служби. 

Можеби ќе ве интересира

„ДУРИ И ШАХТИТЕ ГИ СМЕНИВМЕ, НО ДОГОВОРОТ ИМА ДВЕ СТРАНИ И ДРУГАТА ТРЕБА ДА ПОКАЖЕ КООПЕРАТИВНОСТ“: Силјановска - Давкова за Преспанскиот договор

„ДУРИ И ШАХТИТЕ ГИ СМЕНИВМЕ, НО ДОГОВОРОТ ИМА ДВЕ СТРАНИ И ДРУГАТА ТРЕБА ДА ПОКАЖЕ КООПЕРАТИВНОСТ“: Силјановска - Давкова за Преспанскиот договор

ГОРИВО ПРЕТУРААТ ВО ТУБИ ИЛИ ВО КАНТИ – шокантни откритија на ревизорите за работењето во претпријатието за одржување патишта

ГОРИВО ПРЕТУРААТ ВО ТУБИ ИЛИ ВО КАНТИ – шокантни откритија на ревизорите за работењето во претпријатието за одржување патишта

„ВО МИНАТОТО СЕ ОДОБРУВАЛЕ И ПЕЧАТЕЛЕ УЧЕБНИЦИ ЗА КОИ ИМАЛО И НЕГАТИВНО МИСЛЕЊЕ ОД РЕЦЕЗЕНТСКИТЕ КОМИСИИ“: Јаневска има докази дека ниеден учебник за 7-мо одделение не е пуштен во печат

„ВО МИНАТОТО СЕ ОДОБРУВАЛЕ И ПЕЧАТЕЛЕ УЧЕБНИЦИ ЗА КОИ ИМАЛО И НЕГАТИВНО МИСЛЕЊЕ ОД РЕЦЕЗЕНТСКИТЕ КОМИСИИ“: Јаневска има докази дека ниеден учебник за 7-мо одделение не е пуштен во печат

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Премиерот реагира дека амбасадорите се мешаат во внатрешните работи и бара ако имаат решенија да понудат

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Премиерот реагира дека амбасадорите се мешаат во внатрешните работи и бара ако имаат решенија да понудат

СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА: Не сум видела натпис во Грција со „Северна“

СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА: Не сум видела натпис во Грција со „Северна“

ФИЛИПЧЕ МУ ОДДАДЕ ПОЧИТ НА КИРО ГЛИГОРОВ: Нема успешна сегашност и иднина, ако не ја почитуваме историјата

ФИЛИПЧЕ МУ ОДДАДЕ ПОЧИТ НА КИРО ГЛИГОРОВ: Нема успешна сегашност и иднина, ако не ја почитуваме историјата

ПРЕМИЕРОТ ПРАШУВА: Ќе бара ли Софија Бугари и во албанскиот Устав?

ПРЕМИЕРОТ ПРАШУВА: Ќе бара ли Софија Бугари и во албанскиот Устав?

АЛИЈАНСА НА АЛБАНЦИТЕ КОНТРА МИЦКОСКИ: Амбасадорите насочуваат како треба да дојдеме до полноправно членство

АЛИЈАНСА НА АЛБАНЦИТЕ КОНТРА МИЦКОСКИ: Амбасадорите насочуваат како треба да дојдеме до полноправно членство

ГЛАВЧЕВ: Шпекулативните хипотези за можно повторно отворање на преговарачката рамка се отфрлени од партнерите

ГЛАВЧЕВ: Шпекулативните хипотези за можно повторно отворање на преговарачката рамка се отфрлени од партнерите