Споменик на Скендербег и во Црна Гора
Објавено во: Балкан 28 Јули, 2018
Покрај Тирана, Приштина и Скопје, споменик на албанскиот национален херј Ѓерѓ Кастриот Скендербер ќе има и Улцињ.
Потврда дека Улцињ ќе добие монумент на Скендербег даде претседателот на општината Улцињ, Љоро Нрекиќ.
Статуата треба да се постави на кружниот тек во центарот на градот, кој веќе го носи името на овој албански национален херој.
За поставување на споменикот веќе е добиена дозвола од Министерството за култура на Црна Гора, пренесува Радио телевизија Црна Гора.