06 Октомври, 2024
0.0356

СПОР ЗА АТРАКТИВНО ЗЕМЈИШТЕ: Стопанска Банка–Битола ќе го тужи Министерство за земјоделство!

Објавено во: Економија 28 Јули, 2015

Добивај вести на Viber

Атрактивно градежно земјиште на влезот во Битола ги судри Стопанска Банка – Битола и Министерството за земјоделство. Банката обвинува за самоволие спротивно на законите со кое земјиштето на кое се наоѓа зграда на банката е доделено на користење на Водостопанство Битолско поле Битола, објави Капитал. Од банката објаснуваат дека со ова е направен груб упад во имотниот лист, што според нив е тежок прекршок и нарушување на правото на сопственост. Инаку претходно во имотниот лист било запишано право на користење од ниеден правен субјект. Оваа зграда пред неколку години станала сопственост на Стопанска банка Битола, а претходно била сопственост на некогашната Пелагонија-Водостопанство. Ова водостопансто пред неколку години земале кредит од банката, кредитот не го вратиле во пропишаниот рок. Управната зграда била упишана како хипотека во банката и во 2012 година Стопанска банка Битола ја „извршила хипотеката поради невратениот кредит. Стопанска банка Битола после стекнувањето со сопственост врз погоре наведената зграда согласно со закон поднесува барање за  откуп на земјиштето под самата зграда како и дворното место (околу 18.000 метри квадрати), кое има третман на  градежно. Во Имотниот лист во тоа време е заведено дека ова земјиште ниту еден правен субјект нема право  да го користи. Од Банката сега за Фактор потенцираат дека сакале да го купат земјиштето согласно закон и во 2014 година поднеле барање за приватизација на градежното земјиште. Во  стратегијата на банката е да ја продаде зградата со површина од 1592 м2 и соодветен дел од земјиштето. Тие за ова имале и познат купец за 22 милиони денари. Но Министсреството му го дава земјиштето на Водостопанство Битолско поле Битола, со Анекс на договор, што е спротивно на закон велат од Стопанска Банка Битола. Затоа Стопанска банка Битола деновиве упатила опомена пред тужба  до Министерството за земјоделство и до министерот Михаил Цветков. Банката обвинува дека министерот потпишал спорен анекс договор Проблемот настанува на 23 февруари 2015 година кога е склучен Анекс на претходниот Договор меѓу Министерството за земјоделство и Водостопанство Битолско поле Битола со кој се „пренесува стопанисувањето, користењето и одржување на системот за одводнување“. Овој договор бил потпишан на 16 декември 2010 година од страна на Министерството за земјоделство и „Водостопанство Битолско поле Битола“. Стопанска банка Битола во писмото до Министерството за земјоделство се повикува на јасни делови од тој Договор каде единствено на користење на водостопанската организација и се дава само управната зграда која е во сопственост на Стопанска банка Битола, но не и дворното земјиште каде се наоѓа зградата, како и земјиштето под самата зграда кое за цело време има третман на градежно земјиште. Во банката потсетуваат дека се било како треба се до 23 февруари годинава кога е склучен Анекс на Договорот меѓу Министерството и водостопанската организација со кој се надградува членот 4 од Договорот каде во точката 1 се додава нов став со кој „на водостопанството Битолско поле Битола му се пренесува правото на користење врз недвижен имот, и тоа, заведен во Имотен лист (!?) користење и на дворното место од 18.000 квадрати и на земјиштето под зградата во сопственост на Стопанска банка Битола“, велат од банката. Додаваат дека станува збор за самоволие и злоупотреба на релација министерство – водостопанство. Банката предупредува дека нарушени се повеке закони и дека суштински е повредена моменталната состојба во Имотниот лист, што е тежок прекршок. Стопанска банка смета дека Министерството за земјоделство не може да располага со ова земјиште „Од друга страна земјиштето е градежно и постапувањето со истото не е во надлежност на Министерството за земјоделство туку на имотно правните односи во надлежност во Министерството за финансии и Министерството за транспорт и врски. Ние како такво го третираме и упативме барање за приватизација на градежното земјиште. Нашата цел е да ги продадеме и земјиштето и зградата на заинтересиран и познат купувач. Моменталната цена што ја постигнавме беше 22 милион денари. Но со овие проблеми што ни ги прави сега Министерството за земјоделство цената драматично падна со што на банката и е нанесена голема штета. Отштета ке бараме од Министерството за земјоделство“, порачуваат во Стопанска банка Битола. Ќе се поништи ли спорниот Анекс? Од Стопанска банка Битола велат дека сега не можат ниту да влезат во дворот на сопствената управна зграда, а до февруари 2015 година  целиот проток на луѓе, стока и возила бил слободен. „На банката со оваа промена во Имотниот лист и се прави и уште една голема штета. Ние на 18 март 2014 година поднесовме Барање за приватизација на земјиштето и така практички сакаме да го спакуваме во атрактивна парцела за која најдовме купец…“ На крајот во своето Обраќање до министерот Цеков  банката бара под итно поништување на Анексот со кој министерството го дало дворното место и земјиштето под зградата на концесија на водостопанската организација, а во спротивно најавува кривични пријави за Министерството за земјоделството и за надлежните одговорни во овој случај.

Можеби ќе ве интересира

ТРЕСКАТА „НОЌ НА ВЕШТЕРКИТЕ“ ЌЕ ДОНЕСЕ СКОРО 12 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ НА АМЕРИКАНСКАТА ЕКОНОМИЈА Приходите може да бидат поголеми одбожиќната продажба

ТРЕСКАТА „НОЌ НА ВЕШТЕРКИТЕ“ ЌЕ ДОНЕСЕ СКОРО 12 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ НА АМЕРИКАНСКАТА ЕКОНОМИЈА Приходите може да бидат поголеми одбожиќната продажба

НЕВЕРОЈАТНА ЗАРАБОТКА НА ОКТОБЕРФЕСТ, КЕЛНЕРИТЕ СТИГНУВААТ И ДО 10.000 ЕВРА НЕТО: Шеторите имаат промет и до девет милиони евра

НЕВЕРОЈАТНА ЗАРАБОТКА НА ОКТОБЕРФЕСТ, КЕЛНЕРИТЕ СТИГНУВААТ И ДО 10.000 ЕВРА НЕТО: Шеторите имаат промет и до девет милиони евра

НЕМААТ РАБОТНИЦИ, ПА КОРИСТАТ ВЕШТАЧКА ИНТЕЛЕГЕНЦИЈА: Јапонија вака го решава овој проблем

НЕМААТ РАБОТНИЦИ, ПА КОРИСТАТ ВЕШТАЧКА ИНТЕЛЕГЕНЦИЈА: Јапонија вака го решава овој проблем

ЗЕМЈИТЕ НА ПОРАНЕШНА СФРЈ ЛЕЖАТ НА БОГАТСТВА, САМО СЛОВЕНИЈА БУКВАЛНО НЕМА НИШТО: Но, тие се побогати од сите заедно

ЗЕМЈИТЕ НА ПОРАНЕШНА СФРЈ ЛЕЖАТ НА БОГАТСТВА, САМО СЛОВЕНИЈА БУКВАЛНО НЕМА НИШТО: Но, тие се побогати од сите заедно

ВО ЕДЕН ЕВРОПСКИ ГРАД СЕКОЈ МОЖЕ ЛЕСНО ДА НАЈДЕ РАБОТА: Стапката на невработеност таму изнесува помалку од два отсто

ВО ЕДЕН ЕВРОПСКИ ГРАД СЕКОЈ МОЖЕ ЛЕСНО ДА НАЈДЕ РАБОТА: Стапката на невработеност таму изнесува помалку од два отсто

НА ПОВИДОК МЕГА ПРОИЗВОДИТЕЛ НА АВТОМОБИЛИ: Во преговорите влегуваат премиум брендови

НА ПОВИДОК МЕГА ПРОИЗВОДИТЕЛ НА АВТОМОБИЛИ: Во преговорите влегуваат премиум брендови

На покана на ЕИБ, Анѓушев говореше за поставување батерии на фотоволтаични електрани во Штип

На покана на ЕИБ, Анѓушев говореше за поставување батерии на фотоволтаични електрани во Штип

ВО ВТОРНИК СЕ ПОТПИШУВА ДОГОВОРОТ ЗА УНГАРСКИОТ КРЕДИТ: Министерката Кочовска ќе отпатува во Будимпешта

ВО ВТОРНИК СЕ ПОТПИШУВА ДОГОВОРОТ ЗА УНГАРСКИОТ КРЕДИТ: Министерката Кочовска ќе отпатува во Будимпешта

ЦЕНАТА НА НАФТАТА И НАТАМУ РАСТЕ, ДАЛИ НИ ДОАЃА НОВ ИНФЛАЦИСКИ БРАН: Што ќе донесе војната на Блискиот Исток?

ЦЕНАТА НА НАФТАТА И НАТАМУ РАСТЕ, ДАЛИ НИ ДОАЃА НОВ ИНФЛАЦИСКИ БРАН: Што ќе донесе војната на Блискиот Исток?