„SPORT LIFE” ВО ПОСЕТА НА ЛИЦАТА СО ПОПРЕЧЕНОСТ И ДЕТСКИОТ ДОМ 11 ОКТОМВРИ ВО СКОПЈЕ
Објавено во: Мои пари 29 Декември, 2022 12:56
„Sport Life“ продолжува со своите активности како општествено одговорна компанија. По повод новогодишните и божикните празници беа посетени и донирани новогодишни пакетчиња во ЈУ Детски дом „11 Октомври“ - Скопје, во ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа, Куманово и во Здружение регионален центар за лица со интелектуална попреченост „Порака наша“, Куманово.

„Посетата на јавните установи во кои се згрижени деца и лица од ранливите категории и донациите за истите, сакаме да прераснат во традиција. Имено, и минатата и оваа година, имавме можност да донираме новогодишни пакетчиња, да ја споделиме празничната атмосфера и да ги пренесеме најубавите желби за Новата година. Се надеваме дека заедно со нашиот тим од Sport Life ќе поттикнеме поголемо внимание и грижа за нив. За нас секоја нивна насмевка е скапоцена.“ - истакнува Петар Поцков, маретинг директор на „Sport Life“.

Секое внимание и поддршка за лицата со посебни потреби како и за децата во згрижувачките центри и домови е од огромна важност за нив. Тие се дел од најранливите групи во општеството и остануваат во фокусот на општествената одговорност на „Sport Life".

Можеби ќе ве интересира
Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон
Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“
Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун
Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција
Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час
Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете
Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии
„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција




