Спортско друштво Вардар: Навивачите да кажат НЕ на сценираните настани
Објавено во: Македонија 01 Март, 2017 18:29
Сите кои како деца сме влегле во Комити, покрај љубовта кон Вардар сме негувале некоја десничарска идеологија, која од неразбирање на состојбата во Македонија, погрешно сме ја поврзувале со една политичка партија.
Истата партија:
- Индиректно беше виновна за распадот во Комити во 1999 година.
- ДИРЕКТНО учествуваше во распадот на Комити кој почна во 2013, со специјална задача предводена од наши екс членови на кои им беше помила партијата.
- ДИРЕКТНО учестуваше во РАСПАДОТ на цела Македонска тифо сцена. Овојпат се работи за момент од кој нема назад. Ниту Комити, ниту ФА, ниту ЦПБ, ниту Чкембари (и да не ги набројувам другите помали групи), нема да се вратат во вистинско светло, токму благодарение на споменатата „десница“.
- Индиректно учествуваше во наместените настани од кои највеќе страдаа Комити, бранејќи ги навивачките групи како Шверцери или Балисти. Кале беше местенка, Нерези и настаните на плоштад беа само доказ на чива страна стоеше власта во тој момент, без разлика кој беше виновен за овие настани, а сите знаеме дека вината не беше само во Комити, туку на двете страни. Имаше низа настани во кои ги користеа Комити за свои дневнополитички поени.Претепани Македонци, сторители непознати, претепани Албанци, сторителите се веднаш фатени и приведени. Познато ви звучи?
Ниту на нив, ниту на другите партии не им е гајле за народот.
Оваа партија и сега ги користи младите членови на Комити за да ги бијат битките во кои тие немаат муда да влезат, но на крајот ќе си ги препишат сите заслуги и ќе си пливаат во милиони додека народот ќе ја чека мизерната плата од март да му се исплати во декември.
Нека не ви перат мозок. Кажете НЕ на сценираните настани за кои се бара ваша поддршка.
Македонија одамна ја продадоа и едните и другите со заеднички сили. Во Македонија не постои десница. Постоеше во името на Комити, но и тоа го уништија, пишува блогот Спортско друштво Вардар.
Можеби ќе ве интересира
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки
Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица
СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината
Притвор за ексдиректорот на Управата за матични книги и уште шест други лица
Орце Ѓорѓиевски: Финансиска полиција подигна обемна документација од Град Скопје, Комунална хигиена и ЈСП
АХВ ВО КОНТРОЛА НА НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА: Еве што открила




