СПОТОВИТЕ НА ВМРО-ДПМНЕ ПРЕДИЗВИКАЛЕ ДУШЕВНА БОЛКА КАЈ РУСКОВСКА: Aдвокатот на тужените вели тоа било сарказам
Објавено во: Македонија 23 Септември, 2020 17:41
Почна судскиот процес во кој обвинителката Вилма Русковска ја тужи партијата ВМРО-ДПМНЕ, затоа што во спотовите за изборната кампања која заврши го злоупотребиле нејзиното име.
Во граѓанскиот суд денеска се одржа подготвително рочиште.
Русковска ги тужи ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За обнова на Македонија“, Игор Јанушев како овластен претставник на Коалицијата и Христијан Мицкоски како лидер на партијата.
Таа поведе постапка поради двата спота во кои е прикажан нејзиниот лик како некој кој работи по диктат на СДСМ.
Тие предизвикале душевна болка и анксизност кај обвинителката.
На денешното рочиште беа презентирани дел од доказите на Русковска.
Адвокатот на тужените Панче Тошковски, кажа дека спотовите биле саркастичен и автентичен начин за критика, а не лага или клевета.
„Особено на критичката мисла која што е насочена кон работењето на државните органи и на власта во Република Македонија. Се поставува прашање што е побитно? Дали јавниот интерес, дали потребата граѓаните да бидат информирани, потребата на граѓаните на Република Македонија да можат да постават одредени прашања во саркастични и провокативна форма?И воедно заштитата на членот 10, или заштитата на приватната репутација на еден јавен функционер која што патем е платена од пари на граѓаните на Република Македонија, извршувајќи ја функцијата како што ја извршува обвинителката за организиран криминал“, рече Тошковски.
Русковска бара отштета од 10.000 евра, пари кои доколку ги добие ќе ги донира во хуманитарни цели. Претходно, објасни дека ќе ги донира за СОС Детското село.
Судењето продолжува на 5-ти октомври. Тогаш во судницата ќе се прикажат и двата предизборни спотови „Криминална вистина” и „Штанд на лагите”.
Можеби ќе ве интересира
АХВ ВО КОНТРОЛА НА НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА: Еве што открила
„ТОА Е ИСТО КАКО ХИТЛЕР ДА ТЕ ПОФАЛИ ЗА ДОБРИТЕ РЕФОРМИ ШТО ГИ ПРАВИШ“: Најчевска за пораката на Трамп дека сме на добар пат во развојот на демократијата
ОПОЗИЦИЈАТА МОЖЕ ДА СЕ ПОВИКУВА НА КОГО САКА: Тошковски за темата мигранти
ДЕЛ ОД МАКЕДОНЦИТЕ ПОСЕДУВААТ ВАКВО ИСКУСТВО: Oва ги турка напред во кариерата
ТРЕНЧЕВСКА ВЕЛИ ДЕКА СДСМ ВЛЕГУВА ВО НОВА ФАЗА НА ПОЛИТИЧКО ЗАЈАКНУВАЊЕ: Се огласи и за резолуцијата на Собранието
„ОВА Е УБАВО СПАКУВАН ПЛАН ЗА ДИСЦИПЛИНИРАЊЕ НА ДРЖАВИТЕ“: Ванковска за бриселските заклучоци за Западен Балкан
„НЕ СУМ ВЕТИЛ ЧУДА“: Ѓорѓиевски побара трпение од граѓаните
„АКО 3 ПАТИ ГО СТОРИТЕ ИСТОТО, И 3 ПАТИ ВИ Е ОДЗЕМЕНА ВОЗАЧКАТА, ВИЕ НЕ СТЕ ЗА ШОФЕР, ТРЕБА ДА ВОЗИТЕ ТОЧАК“: Тошковски за повторување на сообраќајните прекршоци
ГРЦИЈА ПОД БЛОКАДА: Можна е повеќечасовна блокада на границите, се заоструваат протестите




