15 Декември, 2025
0.3097

Спречен шверц на јагниња наменети за извоз во Албанија

Објавено во: Македонија 10 Јули, 2024 13:44

Добивај вести на Viber

Инспекциските служби на агенција за храна и ветеринарство (АХВ), во соработка со припадници на Министерството за внатрешни работи (МВР) во текот на вчерашниот ден спречиле нелегален промет на јагниња, чија крајна цел била илегален извоз во Република Албанија.

- Во координирана акција со инспекторите МВР, возилото со кое се транспортирале јагнињата  е стопирано од полициски службеници во Струга и по спроведена контрола од страна на инспектори од АХВ, утврдено е дека станува збор за 63 јагниња кои не се идентификувани согласно Законот за идентификација и регистрација на животните, а транспортерот не поседувал и сертификати за здравствена состојба на животните - наведуваат од Агенцијата во соопштението испратено до медиумите. 

Притоа појаснуваат дека, согласно дадената изјава на транспортерот животните се со потекло од населено место во Прилеп.

- Согласно одредбите од Законот за инспекциски надзор, јагнињата се одземени од лицето кое ги транспортирало и се предадени на Агенцијата за управување со одземен имот.

Против  транспортерот ќе биде поднесена прекршочна санкција за движење на неидентификувани животни без документи за движење - посочуваат од АХВ.

Можеби ќе ве интересира

(ФОТО+ВИДЕО) Скопје блесна во новогодишно руво

(ФОТО+ВИДЕО) Скопје блесна во новогодишно руво

Нема да се издаваат изводи, венчаници и други потврди - ќе има штрајк во Управата за водење на матични книги

Нема да се издаваат изводи, венчаници и други потврди - ќе има штрајк во Управата за водење на матични книги

Овој град од соседството е гастрономски рај со евтини цени: Еве каде Македонците јадат како локалци, а плаќаат помалку

Овој град од соседството е гастрономски рај со евтини цени: Еве каде Македонците јадат како локалци, а плаќаат помалку

Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“

Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“

Апелација ја зголеми казната затвор за Васил Јованов на 13 години

Апелација ја зголеми казната затвор за Васил Јованов на 13 години

Кривичен суд: Kaтица Јанева осум месеци на условен отпуст

Кривичен суд: Kaтица Јанева осум месеци на условен отпуст

Пријава против поранешниот градоначалник на Демир Капија за контаминирање вода за пиење

Пријава против поранешниот градоначалник на Демир Капија за контаминирање вода за пиење

ДЕНЕСКА ПОЧНУВААТ НОВОГОДИШНИТЕ ЗАБАВИ - градоначалникот најавува активности за сите генерации

ДЕНЕСКА ПОЧНУВААТ НОВОГОДИШНИТЕ ЗАБАВИ - градоначалникот најавува активности за сите генерации

ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и ВРЕДИ со контрарезолуција во Собрание дека СДСМ лаже за мигранти

ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и ВРЕДИ со контрарезолуција во Собрание дека СДСМ лаже за мигранти