Спремен сум да влезам во Инфективна и со заболените без маска да седам 24/7, му порачува Миленко на Филипче
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 08 Октомври, 2020
Откако министерот за здравство, Венко Филипче најави нови мерки поради високиот број заразени од коронавирусот, водителот Миленко Неделковски на социјалните мрежи пишува дека го предизвикува Филипче.
„Спремен сум да влезам во Инфективна и со заболените БЕЗ МАСКА да седам 24/7 седум дена. Доколку се разболам и умрам, задолжително лекарски независен тим да изврши обдукција
и да ја утврди вистинската причина за смртта. Доколку се разболам и се излечам, да се објави со помош на кои медикаменти и третмани
сум излекуван, за да може сите понатамошни животи успешно да бидат спасени. Доколку ништо не ми се случи, да ми бидат исплатени 500.000 евра обештетување затоа
што лажете и манипулирате со наводниов вирус“, пишува тој.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.